8 решенија против непријатниот мирис на потта
Потењето е нормална и здрава појава, но понекогаш може да предизвика проблеми и да нè доведе во непријатна ситуација. Иако постојат козметички препарати кои ефикасно го спречуваат непријатниот мирис, понекогаш тоа не е доволно, па потребно е да обрнете поголемо внимание на дневните навики.
Редовната дневна хигиена која вклучува туширање и нанесување дезодоранс е најдобар начин за спречување на непријатниот мирис на потта, но понекогаш тоа не е доволно.
Ако и покрај хигиенските рутини не можете да се ослободите од непријатниот мирис, употребете некој од следниве совети:
1. Редовно отстранувајте ги влакненцата под пазувите на кои дополнително се собираат бактерии.
2. Јадете помалку месо, посебно црвено и избегнувајте брза и многу зачинета храна.
3. Избегнувајте алкохол и производи кои влијаат на мирисот на потта како лук или кромид.
4. Носете светла облека од природни материјали.
5. Дневно испијте пола литар или литар чај од жалфија.
6. Еднаш или повеќе пати неделно направете си купка во која ќе додадете еден филџан природен јаболков оцет.
7. Физичката активност предизвикува зголемено потење, но на тој начин ги исфрлате токсините од телото, па вашата пот во комбинација со дневната хигиена нема да има толку силен непријатен мирис.
8. Избегнувајте консумација на премногу топли или премногу студени пијалаци бидејќи тие предизвикуваат засилено потење.
Доколку успеете да промените некои навики и да се придржувате до советите и хигиената, непријатниот мирис од потењето ќе го заборавите.