Red Bull + Алкохол =?
Комбинацијата од енергетски напиток и алкохол може да е опасна по здравјето (пишува на енергетските пијалоци). Што се случува кога енергетските...
...пијалоци се комбинираат со алкохол?
Енергетските напитоци делуваат стимулативно, а алкохолот делува депресивно, па со нивното мешање се праќаат две сосема спротивни пораки до нервниот систем, како резултат на што може да се јават кардиоваскуларни или кардиопулмонални нарушувања (го зголемуваат ризикот за појава на проблеми со срцевиот ритам).
Стимулативниот ефект на енергетските напитоци може да го маскира чувството на реалност за тоа колку алкохолот се конзумира, како и чувството на истоштеност кое вообичаено му дава сигнали на телото кога во него е внесена поголема количина на алкохол.
Треба да се напомене дека енергетскиот напиток не ја менува концентрацијата на алкохолот во крвта.
Како што е напоменато погоре во текстот, и алкохолот и кофеинот предизвикуваат губење на водата од телото, па затоа нивната комбинација ги засилува негативните ефекти од дехидратацијата.
А секако, дехидрираниот организам има намалена способност за метаболизирање на алкохолот, со што ќе се зголеми токсичноста, како и мамурлакот во текот на следниот ден.