Вкусни, но опасни
После повеќегодишно истражување група нутриционисти објавија кратка листа со петте најштетни намирници. Во листата може ќе ги пронајдете...
...вашите. Листата гласи вака:
1. Засладени газирани пијалоци
Направени се во главно да предизвикуваат жед, а не да ја гасат жедта. Содржат големо количество на шеќер - една чаша кока кола е еднакво на 5 лажици шеќер.
2. Чипс
Чипсот е чист отров, посебно чипсот кој е составен од чист пире-компир. Чипсот во главно е составен од јаглехидрати, масти, и голем број на адитиви кои се многу штетни за нашето здравје.
3. Слатки
Разни мали чоколатца и други благи работи кои содржат големо количество на шеќер, но и многу додатоци кои ни отвараат апетит за повторно да земеме од нив.
4. Салами, колбаси, мортадели, паштети...
Овие намирници содржат големо количество на конзерванси кое е исто така доста штетно, а содржат и доста масти кои му штетат на крвниот притисок.
5. Месо со големо количество на масти
Месо кое содржи големо количество на маси (пржено) е многу штетно и може да предизвика затнување на крвните садови па и срцев удар.