5 хранливи материи кои може да бидат штетни ако претерате

Покрај шеќерот и натриумот за кои е познато дека треба да се внесуваат во ограничени количини, постојат и некои здрави намирници со кои ако се претера може да имаат повеќе штета отколку корист. Дури и ако се неопходни, не треба да се претерува со количината.

5-hranlivi-materii-koi-moze-da-bidat-stetni-ako-preterate-01

Омега 3 масни киселини се здрави масти кои помагаат во борбата со воспалувањата кои се познати предизвикувачи на забрзаното стареење и некои болести. Ако ги внесуваме во ограничени количини се намалува ризикот од срцеви заболувања, дијабетис тип 2 и депресија, го одржуваат здравјето на кожата и го подобруваат функционирањето на мозокот. Но луѓето кои јадат често морска храна, рибино масло, јајца, сок од портокал и житарки, може да внесат преголема количина Омега 3 и лошо да влијаат на имунолошкиот систем и да му пречат на организмот во борбата против вирусите и бактериските инфекции.

5-hranlivi-materii-koi-moze-da-bidat-stetni-ako-preterate-1

Витамин Ц се смета за една од најздравите и најпотребните состојки во нашиот организам со многу предности и позитивни работи за нашето здравје. Неопходен е да го има, но не смее да се претера со количината над 2000 милиграми дневно. Во тој случај може да предизвика несакани последици како дијареја, мачнини, повраќање, главоболка, несоница и камен во бубрег. Најдобро е да се внесува по природен пат, а го има во зелената пиперка, брокула, цитрон, киви, јагоди, ананас.

5-hranlivi-materii-koi-moze-da-bidat-stetni-ako-preterate-2

Цинкот се наоѓа во секоја ќелија од нашиот организам и го одржува нашиот имунолошки систем, добриот вид, вкус, мирис и го регулира нивото на шеќерот во крвта и функцијата на тироидната желба. Сепак, добро е да се внимава со количината која се внесува, да не надминува 40 милиграми дневно. Во спротивно, може да имате проблеми со варењето, вртоглавици, потење, халуцинации и зголемување на холестеролот.

5-hranlivi-materii-koi-moze-da-bidat-stetni-ako-preterate-3

Железото во организмот се наоѓа во црвените крвни зрнца и им ја дава потребната енергија на ќелиите, а составен дел е од многу протеини и ензими кои се неопходни за здравјето. Вишокот железо може да се наталожи во ткивото и органите, вклучувајќи ги црниот дроб и срцето. Дневно не треба да се внесува поголема количина од 45 милиграми.

5-hranlivi-materii-koi-moze-da-bidat-stetni-ako-preterate-4

Калциумот е најзастапен се наоѓа во коските, но овој минерал е потребен и за доброто функционирање на срцето, нервите и мускулите. Дневната доза која е дозволена е 2000-2500 милиграми. Доколку се надмине оваа доза може да се предизвикаат проблеми со бубрезите и мекото ткиво.

5-hranlivi-materii-koi-moze-da-bidat-stetni-ako-preterate-5

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
8 намирници кои се богати со магнезиум Една шолја варен спанаќ содржи околу 157 милиграми магнезиум, а иста количина ва...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg