10 начини да се изборите со чувството дека сте дебели

Знаете веќе како оди тоа: наутро се будите, се гледате во огледало – а таму...стомаче. Се чувствувате дебело и повеќе би сакале да останете дома, покрај телевизор и со грицки, отколку да се соочите со сите тие луѓе и сите тие огледала.

10-nacini-da-se-izborite-so-cuvstvoto-deka-ste-debeli-1

Истражувачите од Универзитетскиот Колеџ во Лондон пред извесно време дошле до заклучок дека чувството дали сме дебели или слаби пред сè е илузија, која се создава во нашиот мозок односно во областа на мозокот која ги интегрира сензорните информации од разните делови на телото.

Еве неколку совети како да го надминете ова непријатно чувство и да не дозволите да ви ја наруши самодовербата.

Носете црвено

Не е важно дали се работи за кармин, лак за нокти или парче гардероба: во оваа боја постои нешто што прави веднаш да се чувствувате похрабро и влева почит. Ако носите побогата, интензивна боја како што е црвената, тоа покажува дека сте личност која е подготвена да влезе во ризик. И мажите сакаат дами во црвено и утврдено е дека оваа боја ја зголемува веројатноста да ве повикаат на состанок, а познато е колку малку внимание е потребно за да се подигне самодовербата.

Ставете ремен

Иако тоа го сметате за последна работа која би сакале да ја направите кога се чувствувате „дебело и безлично“, ременот ќе ве потсети дека вашето тело има облик. Носењето на ремен е едноставен и конкретен начин физички да се дефинирате и да ги нагласите границите на своето тело.

10-nacini-da-se-izborite-so-cuvstvoto-deka-ste-debeli-2

Истакнете ги деталите

Убави и впечатливи детали – од одлични чевли, па до омилени наушници или елегантни торбички, ќе ви помогнат да ги истакнете оние делови од телото кои ви се допаѓаат. За оваа цел може да послужи дури и убав сјај за усни, кој рефлектира светлина и прави усните да ви делуваат пополно.

Одберете облека која ја следи линијата на телото

Вреќестата облека прави да изгледате подебело, така што нема да си направите услуга ако ја облечете омилената износена тренерка. Од друга страна, скроената облека која добро ви прилега, како што е блејзер, понекогаш прави чуда за женската фигура. Блејзерот и ласка на секоја фигура и добро и стои на секоја жена.

10-nacini-da-se-izborite-so-cuvstvoto-deka-ste-debeli-3

Облечете чевли на високи потпетици

Се чувствувате ниско и дебело? Издолжете ги своите нозе со пар чевли на штикла во боја на кожата. Потрудете се бојата навистина да му одговара на вашиот тен, така што чевлите да делуваат како продолжение на нозете. И одберете потпетици од најмалку 5 cm.

Средете ја косата

Убавата коса секогаш овозможува подобро да се чувствувате. Многу фризерски салони по многу поволна цена може да ви ја исфенираат косата така што ќе добиете волумен кој ќе направи лицето да ви делува подолго и потесно. Или пробајте го самите следниот трик: ставете го показалецот на самиот врв од главата, одмерете должина на малиот прст и на вака одмерен сегмент нанесете лак за поголем волумен, на самиот корен од косата. Така обработете ја целата коса, сукцесивно сушејќи го секој сегмент, па потоа косата нежно расчешлајте ја, подигнете ј ана темето и направете префинета пунџа или коњско опавче со слободни прамени кои на вашето лице ќе му дадат префинет изглед.

Купете подобар градник

Осумдесет проценти од жените носат погрешен градник. Затоа вие одберете го вистинскиот! Клучно е да пронајдете градник кој ќе ви ги подигне градите и ќе ви го зголеми просторот помеѓу нив и стомакот – поради што торзото ќе ви изгледа подолго отколку што е навистина.

10-nacini-da-se-izborite-so-cuvstvoto-deka-ste-debeli-4

Пијте повеќе вода

Можно е да се чувствувате дебело и поради надуениот стомак. Главни виновници за тоа се силната масна храна, вештачките засладувачи и гумите за џвакање. Добра вест: рамниот стомак можете да го вратите така што ќе пиете повеќе вода и ќе избегнувате храна која предизвикува создавање на гасови.

Медитирајте

Истражувањата покажале дека сконцентрираната медитација (и јогата!) може да доведат до позитивни промени на расположението, како и дека личностите кои подолго време медитираат ја зголемуваат густината на сивата маса во мозочното стебло, што се поврзува со подобра самоконтрола и регулација на емоциите.

10-nacini-da-se-izborite-so-cuvstvoto-deka-ste-debeli-5

Одглумете

Ако влезете во соба и при тоа се чувствувате убаво и сите останати ќе мислат дека сте сјајни. Со други зборови никој не мора да знае дека се чувствувате дебело. Покрај тоа, најновите истражувања покажуваат и дека клуч за напредување на работа е да настапите со самодоверба – дури и ако немате баш најдобри квалификации. Не е неопходно да бидете најубави или најслаби. Ако во просторијата влегувате како целиот свет да е ваш, ќе биде ваш. 

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg