Јогуртот го регулира притисокот
Ако во подолг временски период редовно консумирате јогурт, имате 31% помал ризик од покачен крвен притисок отколку ако го избегнувате овој млечен напиток, тврдат американските научници од Националниот институт за здравје на срцето.
За време од 15 години научниците следеле повеќе од 2.000 доброволци кои на почетокот имале нормален крвен притисок и крајот заклучиле дека оние кои редовно консумирале јогурт имале значително поретки проблеми со притисокот.
Јогуртот, покрај тоа ја регулира работата на надбубрежната жлезда, содржи големи количини калциум и протеини потребни за добро функционирање на организмот.
Поради тоа, еден јогурт со ниска количина на маснотии, дневно во комбинација со физичка активност преставува рецепт кој може да спречи хронични заболувања на срцето, тврдат научниците.