Три најбрзи летни диети

tri-najbrzi-letni-dieti-01

Ако сте од оние кои секој понеделник почнуваат диета, да ве потсетиме – доаѓа тој ден. Одберете за почеток, една од мини диетите кои ви ги прелагаме, придржувајте се кон препорачаната исхрана само еден ден и ќе видите како се топат килограмите.

Диета со овошје и зеленчук

Како делува: Во овошјето и зеленчукот има многу здрави состојки кои не содржат маснотии, како и материи кои бргу ќе ве заситат и ќе ви го подобрат варењето.

План на исхрана

Појадок : Еден јогурт помешајте со 300g сезонско овошје (јаболка, кајсии, праски, малини).

Ручек: 300ml бистра супа и 300g пасиран варен морков.

Вечера: Мешана салата од овошје и зеленчук.

Совет: Бананите и грозјето имаат многу шеќер па затоа во текот на оваа диета обидете се да ги избегнете. Подалеку од маслинките, бидејќи содржат маснотии.

tri-najbrzi-letni-dieti-1

Диета со ориз

Како делува: Малите зрна ориз се многу вкусни, а содржат и многу витамини. Покрај тоа, благодарејќи на калиумот, оризот го исфрла вишокот на вода од организмот.

План на исхрана

Појадок : Салата од сезонски зеленчук

Ручек и вечера: Обарете 200g ориз и поделете го на две порции кои ќе ги јадете во текот на денот. Едната порција изедете ја со пире од јаболка, а другата со 300g динстан зеленчук измешан со класично масло за јадење.

Совет: Оризот се вари 40 минути без сол, бидејќи солта ја задржува водата во организмот. Наместо со сол зачинете го со цимет или некој друг зачин.

tri-najbrzi-letni-dieti-2

Диета со компир

Како делува: Компирот е идеална намирница за диета бидејќи не содржи маснотии, има многу калиум и со своите 70 калории на 100g создава чувство на ситост и не дебелее.

План на исхрана

Појадок : Едно парче интегрален леб со филе од лосос или со 50 g младо сирење.

Ручек: Два варени или печени компири зачинете по желба и изедете ги со 150 g посна павлака.

Вечера: 200g компир подгответе со 350g динстан зеленчук (пиперка, брокула, карфиол, домат).

Совет: Компирот обарете го со лушпа, бидејќи под лушпата е сокриен витаминот Ц кој допринесува кон слабеењето.

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
8 намирници кои се богати со магнезиум Една шолја варен спанаќ содржи околу 157 милиграми магнезиум, а иста количина ва...
Зошто ви се појавуваат афти и како да ја намалите болката? Стресот, но и цитрусното овошје можат да бидат причина за појава на афти. Иако о...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...
Зошто не треба да заспивате пред телевизор? Светлината во текот на ноќта го намалува нивото на мелатонин, што, пак, е поврза...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg