10 причини зошто треба да пиете пиво

10-pricini-zosto-treba-da-piete-pivo

Умереноста е клучна кога е алкохолот во прашање, а што се однесува до пивото најдобри резултати се постигнуваат со едно шише од половина литар дневно.

Ова се10-те причини поради кои треба да се пие пиво:

Ги јакне коските
Пивото содржи високо ниво на силициум, кој е добар за здравјето на коските.

Го јакне срцето
Половина литар пиво дневно го намалува ризикот од срцеви заболувања за 30 проценти бидејќи го покачува нивото на „добриот“ холестерол кој спречува артериите да се затнат.

Поздрави бубрези
Научниците од Финска го издвоиле пивото од останатите алкохолни пијалаци бидејќи откриле дека во значителна мерка го намалува ризикот од појава на камен во бубрезите.

Го зајакнува заздравувањето на мозокот
Во една студија од 2005 година спроведена на 11.000 повозрасни жени се покажало дека жените кои умерено пијат на тестовите за ментални способности постигнувале резултати какао да се 18 месеци помлади.

Го намалува ризикот од рак
Португалската студија покажала дека маринираните шницли во пиво за 70 проценти ги намалуваат карценогените супстанци кои се создаваат кога месото се пржи во тавче.

Го подигнува нивото на витамини
Оние што пијат пиво имаат за 30 проценти поголемо ниво на витамин Б6 во крвта отколку оние што не пијат и дупло повеќе од оние што пијат вино. Пивото содржи и витамин Б12 и фолна киселина.

Штити од инфаркт
Истражувачите од Харвард откриле дека умерени количини алкохол, вклучувајќи го и пивото, помагаат да се спречи згрутчувањето на крвта која што тече до срцето, вратот и мозокот и при тоа предизвикуваат најчест тип на инфаркт.

Го смалува ризикот од дијабет
Една студија од 2011 година спроведена на 38.000 средновечни мажи покажала дека кога тие повремено пијат едно до две пива дневно, ризикот дека ќе добијат дијабет од типот два, им се намалува за 25 проценти.

Го намалува крвниот притисок
Една студија во која учествувале 70.000 жени на возраст помеѓу 25 и 40 години, покажала дека пивото е уште подобро од виното во намалувањето на крвниот притисок.

Го продолжува животот
Уште во 2005 година е откриено дека оние кои умерено пијат живеат подолго, бидејќи со таква консумација на алкохол се намалуваат срцевите заболувања, инфарктот и дијабетесот.

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои укажуваат на недостиг на витамин Ц и како да се справите со овој проблем, според експер... Постојат 2 начини за зголемување на нивото на витамин Ц во крвта, но внимавајте ...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Зошто не треба да заспивате пред телевизор? Светлината во текот на ноќта го намалува нивото на мелатонин, што, пак, е поврза...
8 намирници кои се богати со магнезиум Една шолја варен спанаќ содржи околу 157 милиграми магнезиум, а иста количина ва...
Луѓе кои имале рак откриваат кои симптоми ги натерале да се проверат „Имав мал чир на устата што го игнорирав, но мојата мачка почна да ми ја душка у...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg