Прва помош кога ќе изгорите на сонце

prva-pomos-koga-ke-izgorite-na-sonce

Ако и покрај предупредувањата на лекарите да го избегнувате сонцето сте претерале со сончање и сте заработиле непријатни и болни изгореници, еве начин да го ублажите проблемот.

Постојат природни лекови кои ќе ви помогнат да го санирате воспалението.

Млеко – полномасното млеко може да го смири воспалувањето. Натопете газа или чиста крпа со млеко и држете ја 20 минути на кожата.

Сода бикарбона – дава голема помош при изгореници од сонце. Како? Само растворете едно лажиче сода бикарбона во вода, па потоа крпата натопена со таква течност ставете ја на изгореницата.

Алое Вера – се што ви е потребно е свежо растение Алое Вера. Листот пресечете го на половина и со неговите сокови намачкајте се на кожата.

Чај – со кесичка чај (препорачуваме зелен чај) намачкајте ги болните места.

Вода – пијте што е можно повеќе вода за кожата да може што побргу да се заздрави.  

Мед – на критичното подрачје нанесете тенок слој природен мед и воспалението побргу ќе помине.

Плодови со коскена лушпа – содржат здрави маснотии кои го ублажуваат воспалението на кожата.

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg