Лимонот е брзо решение за лошиот здив
Лошиот здив најчесто го предизвикуваат бактерии во устата или во дигестивниот тракт, а успешно, освен со миење на забите, се отстранува и со природни лекови и намирници.
Цимет во борбата против лошиот здив
Еден од најпознатите зачини, циметот успешно го решава проблемот на лошиот здив, а доволно е во една чаша со вода да ставите едно лажиче зачин и да го измешате со мед. Исплакнете го грлото неколку пати.
Лимон – инстант решение
Брзо решение за непријатниот здив е лимонот, а доволно е да грицкате парче лимон или негова корка. Лимонската киселина веднаш ги неутрализира бактериите.
Магдонос
Магдоносот содржи хлорофил кој ги убива бактериите кои се одговорни за лошиот здив. Особено е делотворен по јадење на лук или риба, а доволно е само да го изџвакате. Делува и еукалиптусот, босилекот и рузмаринот. Било да ги џвакате нивните листови или да направите чај и да го исплакнете грлото, решението ќе биде исто.
Јогуртот го освежува здивот
Еден незасладен јогурт на ден го намалува нивото на сулфурводород во устата, кој е една од причините за непријатен здив.