Направете здрава домашна салата

napravete-zdrava-domasna-salata

Салатите се најчесто на мени на оние кои се грижат за своите килограми, или сакаат да ги намалат. Но, на изглед здрав оброк често може да биде полн со тешки маснотии, скриени калории, кои се катастрофа за диетата.

Имено и најмалиот додаток на сирење, крем, павлака или мајонез, нискокалоричниот оброк може да го вбројат во „лоша“ категорија па да имате ефект како да сте изеле хамбургер или голема порција помфрит. Секако, тоа не мора да биде така, ако само малку обрнете внимание на исхраната.

Диететичарот Heather Bauer тврди дека со неколку едноставни намирници можете да направите значителна разлика во квалитетот на оброкот.

- Салатите имаат малку калории и посакувани се на менито ако ве загрижува обемот на струкот, задникот и колковите. Но, за во потполност да бидете сигурни дека сте подготвиле диететски прифатлив оброк морате правилно да ги комбинирате состојките. Кога јадете салати со главниот оброк, ќе изедете во просек 12% помалку калории – вели Bauer.

Овој стручњак препорачува салати од темно зелени растенија, како што се спанаќот и кељот, затоа што се нискокалорични, а хранливи, богати со влакна, витамини и антиоксиданси.

Пет совети како да направите здрава салата

1. Бирајте темно зелен зеленчук

2. Протеините ограничете ги на додавање белка, бело месо на скара или грав. Избегнувајте сирење.

3. Додајте здрави маснотии во облик на ореви или парчиња авокадо.

4. Сами подготвувајте ги преливите – така ќе избегнете додатоци на сланина и шеќер. Сенфот е добар предлог.

5. Избегнуавјте од страна да додадете леб или било кое друго пециво. Одберете двопек.

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg