5 навики на здравите и среќни луѓе
Малите, навидум неважни промени во начинот на живеење можат да ве направат значително поздрави и посреќни.
Ова се 5 работи кои треба да ги имате на ум за да бидете исполнети и среќни:
1. Будете се порано. Ако се будите доцна и наутро сте забрзани, остатокот од денот ќе го поминете во брзање и под стрес. За да воспоставите врамнотежен ден, обидете се да се разбудите половина час порано од вообичаеното. Времето искористете го за туширање, појадок или можеби утринско вежбање. За да бидете поопуштени наутро, подгответе си ја облеката од вечерта.
2. Избегнувајте шеќер и рафинирани јаглехидрати. Премногу рафинирани состојки резултираат со пад на енергијата и ментален замор. Додатно, рафинираните шеќери ги таложат маснотиите во пределот на стомакот.
3. Спортувајте 3-5 пати неделно. Здравите луѓе постојано се во движење. За да бидете здрави треба минимум 90 минути дневно да бидете во движење или 3 до 5 пати неделно од 45 до 60 минути да спортувате.
4. Внесувајте доволно течности. Вода или незасладен чај, но важно е да останете хидратизирани. Две литри е препорака на здравствените експерти.
5. Направете време за одмор и уживање. Животот може да биде толку забрзан па да заборавите да се забавувате. Здравите луѓе ја разбираат рамнотежата меѓу различи подрачја во животот и не ги занемаруваат уживањата заради работата.
Правете работи кои ви претставуваат задоволство!