Во гените ни е запишано дали ќе успееме во животот
Научниците веруваат дека некои луѓе се раѓаат успешни, а како доказ се резултатите од истражувањето кое покажало дека нашите предиспозиции...
...за решителност, самоконтрола и чувства се запишани во гените.
Научниците тврдат дека сите наши предиспозиции зависат од она што е запишано во гените, а многу помалку од воспитувањето.
Доколку сите аспекти на нашата личност (решителноста, дружељубивоста, самоконтролата) ги набљудуваме заедно, истражувачите од Универзитетот во Единбург тврдат дека така може да се направи разлика помеѓу успехот и неуспехот.
Во истражувањето во кое учествувале 800 близнаци, научниците се обиделе да утврдат какви ставови имаат кон животот без разлика на нивната природа и однесување.
Истражувачите најчесто го набљудувале влијанието на генетиката споредувајќи ги идентичните близнаци, кои имаат иста DNK и воспитување, со близнаците кои не се исти, но имаат исти предиспозиции за разлика од другите роднини.
Резултатите покажале дека гените играат многу поголема улога од начинот на живот, а самоконтролата е посебно запишана во нашиот DNK.
Нашите гени исто така одредуваат колку сме одлучни и упорни.