Бананата е вистински еликсир на убавината
Ова овошје не само што е вкусно туку може да послужи во секојдневната нега, а и за ублажување на некои ситни проблеми. Корката од банана...
Корката од банана ви помага да...
...Ги намалите акните
Внатрешната страна од корката на бананата е докажано дека има природни антибиотски својства. Кога ќе го исчистите лицето навечер, истријте ја акната со внатрешната страна од корката на банана, а наутро измијте го лицето.
...Ги смирите каснувањата од бубачки или отровни билки
Ако ве каснал комарец или сте се ижуркале од коприва, истријте го местото со внатрешниот дел од корката на банана.
...Извадите трн
Заборавете ги малтретирањата со игли и ножици. Исечете парче зрела корка од банана и залепете ја со фластер од внатрешната страна на местото каде што е трнот. Ќе се изненадите како ензимите од корката ќе го извлечат трнот на површина.
...Отстраните брадавици
Методата е иста како за трнот, со тоа што треба да се повторува секоја вечер, во текот на неколку недели.
Бананата ви помага да...
...Излечите мамурлак
Ако изедете банана или две пред спиење со две чаши вода, тоа ќе ви помогне наутро да немате мамурлак, бидејќи бананите имаат 75% вода и се богати со калиум кој ќе ви помогне да ја повратите хидратацијата и здравиот баланс на електролити.
Ако веќе сте се разбудиле со мамурлак, најбрзо и највкусно решение е да испиете банана милкшејк со две лажичиња мед.
...Да ја ублажите утринската мачнина
Бананите помагаат и да се олеснат утринските мачнини кај идните мајки. Ако ве мачи овој проблем, пробајте диета од намирници кои лесно се варат: банани. Ориз, сос од јаболка и тост. Ваквата диета помага и кај другите проблеми поврзани со варењето, особено кај диареа.
Бананата го намалува отекувањето и воопшто задржувањето на вода во телото, особено отекувањето на зглобовите кај бремените жени, затоа што е богата со влакна.