„Кои мои навики мислев дека се нормални, а всушност биле симптоми на АДХД?“
„Животот со АДХД не е лесен. Ќе кажам само: чувствителност на одбивање и критики. Не знаев дека не сите луѓе чувствуваат физичка болка и огромна тага од секоја критика“.
Дефицит на внимание и хиперактивност, попознато како АДХД, е нарушување кое се карактеризира со проблеми со концентрацијата, импулсивно однесување и хиперактивност.
Понекогаш, разликувањето на она што е „нормално човечко однесување“ од симптомите на АДХД (синдром на невнимание) може да биде тешко.
Луѓе со АДХД откриваат на Buzzfeed што мислеле дека е „нормално“ однесување, додека некој експерт не им кажал поинаку.
Исповеди на луѓе кои навики мислеле дека им се нормални, но сфатиле дека се симптоми на АДХД:
„Доцнење. Иронично, сега сум многу попрецизен со времето, откако сфатив дека АДХД е причината поради која се борам да бидам точен.
Со години верував дека луѓето што доцнат едноставно не го почитуваат времето на другите.
Но, кога сте под огромен стрес за нешто за што сте биле критикувани безброј пати, тоа ве прави нервозни.
И кога имате притисок да направите нешто по распоред... тешко е да се држите до тој распоред - ако мислењето за распоредот ве прави анксиозни“.
„Ако сум природно заинтересиран за нешто, немам проблем со концентрацијата. Но, ако не сум, единственото што ме тера да го завршам е екстремната паника“.
„Морам да слушам музика за да започнам со каква било здодевна задача.
Си мислев дека само многу сакам музика. Но, всушност, музиката ми давала допамински поттик за да започнам и да продолжам“.
„Го губам текот на мислите среде разговор – иако јас сум оној што зборува“.
„Сензорна преоптовареност... Ако ми се активираат повеќе од две или три сетила истовремено, чувствувам како просторот околу мене да се врти, а моето тело како да ми е допрено од невидлива сила.
Веднаш морам да одам на тивко и темно место за да се ресетирам“.
„Пред да ми дијагностицираат АДХД (на 36 години), еден колега ми рече: 'Зошто едноставно не одиш во тоалет, наместо да правиш десет други работи пред тоа?!'“
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





