7 препораки при купување на паста за заби

7-preporaki-pri-kupuvanje-na-pasta-za-zabi-povekjeКолку паста за заби треба да се нанесе, колку долго треба да се четкаат забите и кој производ да се одбере? Ќе ви го олесниме изборот со неколку...


...факти кои морате да ги знаете за средствата за нега на забите.

Флуорот е неопходен
Во морето состојки, она што вашата забна паста мора задолжително да го содржи е флуорот, без разлика дали треба да ги избелите забите, да го освежите здивот, или да ги заштитите непцата. Стоматолозите тврдат дека миењето заби два пати дневно со паста за заби која содржи флуор може да го спречи оштетувањето на забите и до 40%.

7-preporaki-pri-kupuvanje-na-pasta-za-zabi

Потврда од здравствена организација
Во случајот со пастите за заби, доказот за проверка на производот мора да доаѓа од стоматолошка установа и мора да биде јасно означен на пакувањето. Производите кои немаат таква потврда често пати се многу поевтини од другите, но штедењето на сметка на здравјето на забите подоцна може скапо да ве чини.

Пастите за избелување делуваат – до некаде
Благодарејќи на абразивните состојки, или посебно обликуваните честички, пастите за заби задолжени за избелување на забите можат да ги отстранат дамките на забите и така, до некаде да допринесат за нивната белина. Но, пастите не содржат избелувачи кои се користат при професионалното избелување на забите и не можат толку видливо да допринесат за сјајната белина на забите како што тоа го прави постапката применета кај стоматолог.

Помалку е повеќе
Четкичка потполно покриена со паста за заби нема подобро да ги исчисти забите. Употребете половина од тоа, придобивката е иста, а пастата трае подолго. Затоа не се раководете од рекламите - за најдобар ефект нанесете капка со величина на зрно грашок.

Поважно е како отколку со што
Ако користите најдобра четкичка и најдобра паста, а не ги користите правилно, нема да има видливи резултати. Правилниот начин на миење заби вклучува држење на четката од прилика под агол од 45 степени, за да влакната на четката доспеат и на подрачјето помеѓу забите и непцето, па четкајте со мали кружни движења во траење од најмалку една минута.

Необични состојки
Нека не ве изненади ако на пописот состојки во забната паста најдете и морска трева, детергент, гума или слично, бидејќи секоја од тие состојки има своја функција и колку и да звучи бизарно, тие состојки се проверени и одобрени како составен дел на повеќето средства за нега на забите.

Паста или гел?
Средството за нега на забите подеднакво делува било да е во вид на паста или во вид на гел, сè додека ги содржат спомнатите важни состојки. Единствената разлика е во текстурата и вкусот, затоа изборот  е само ваш - одберете си производ кој негата на забите ќе ви ја направи попријатна.

Би можело да ве интересира:

Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
„40 дена пиев само сок од портокал и не јадев ништо - се чувствувам многу поздраво“ Жена од Австралија која 40 дена не консумирала ништо освен сок од портокал, вели...
Избелување на забите, детоксикација - Дали навистина има придобивки од активниот јаглен? Активниот јаглен има способност да ги „зароби“ токсините во дигестивниот систем,...
Проблеми со менталното здравје и уште 5 скриени причини за болка во грбот Недоволната физичка активност може да предизвика болка во грбот, но знаевте ли д...
Најчестите заболувања и проблеми со здравјето (и како се третираат) Настинка, грип, уринарни инфекции – постојат заболувања со кои сме се соочиле ск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg