7 најнездрави напитоци кои треба да се избегнуваат

7-najnezdravi-napitoci-koi-treba-da-se-izbegnuvaat-povekjeКако што внимавате што јадете, би требало да внимавате и што пиете. Како што е понудата на сокови и други пијалаци сè побогата, така од рафтовите...


...на продавниците демнат сè повеќе замки.

Течностите што би требало да бидат здрави, да не наполнат со енергија и хранливи состојки, всушност се богати со шеќер и адитиви чии имиња е невозможно да се изговорат.

Од ниту еден напиток не треба да се откажуваме во потполност, туку умерено да ги консумираме.

И една напомена: водата и растителните чаеви се избор со кој не можеме да згрешиме.

1. „Природни сокови“
Соковите што се продаваат со етикета природни, повеќето се само вода во која е додадена боја и шеќер. Ако сакате здрав напиток, купувајте ги само оние сокови што се произведени од природен сок без додаток на засладувач.

7-najnezdravi-napitoci-koi-treba-da-se-izbegnuvaat

2. Вода со вкус
Водата со вкус можеби осигурува мала количина на витамини, но исто така е полна со шеќер. Затоа треба да се избегнува, а добро е да се обрне внимание и при купување на обична вода. Ако на етикетата пишува дека освен водата и природните додатоци има уште нешто, оставете ја на полицата.

3. Газирани пијалаци
На нивниот вкус е тешко да се одолее, но освен краткотрајното уживање, газираните пијалаци нема да ви донесат ништо добро. Полни се со шеќер и празни калории, често содржат кофеин, немаат никаква хранлива вредност, а нивната главна состојка фосфат има токсично делување: може да го забрза процесот на стареење.

4. Коктели
Примамливите смеси на овошни ликери и жестоки пијалаци може да содржат и до 880 калории, што е осум пати повеќе од чашка рум. Добра околност е што се консумираат повеќе во лето.

5. Овошни шејкови
Овошјето е здраво, но овошниот шејк од еден литар може да брои и до 700 калории и само два грама протеини, поради големиот удел на шеќер. Тоа е исто како одеднаш да изедете ананас, манго, една чинија боровинки и една чинија јагоди. Зошто е тоа лошо? Калориите од било која храна се претвораат во масно ткиво ако изедете повеќе одошто потрошите.

6. Жестоки пијалаци
Умерената консумација на алкохол, еден до два пијалаци неделно, го качува нивото на добриот холестерол, го поттикнува крвотокот и го забрзува метаболизмот. Но, ако пиете повеќе од тоа ризикот од дебелеење и други здравствени проблеми се зголемува.

7. Енергетски пијалаци
Повеќето енергетски пијалаци се полни со кофеин и шеќер поради што на кратко ќе ве „кренат“, но многу бргу и ќе ве „спуштат“. Затоа, кога ќе почувствувате умор или недостаток на концентрација испијте шолја зелен чај или изедете една рака исчистени ореви.

Би можело да ве интересира:

Колку крем за сончање треба да нанесете за да спречите изгореници, според дерматолог? Ставате ли доволно крем за сончање? Колку крем треба да нанесете и кога, според ...
„40 дена пиев само сок од портокал и не јадев ништо - се чувствувам многу поздраво“ Жена од Австралија која 40 дена не консумирала ништо освен сок од портокал, вели...
ПМС или бременост: Како да ги разликувате симптомите? Променливото расположение и зголемената чувствителност на градите се симптоми св...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Вие прашувате, психолог одговара: „Моите родители се во поодминати години – се плашам за нивната смр... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg