6 последици од прекумерно работење
Постојано работите. На работа, после работа, пред спиење, а кога ќе си легнете повторно мислите на работа? Да, разбираме – млади сте, ви...
...требаат пари, уживате додека работите, но годините летаат, а вие ќе почнете да ги чувствувате последиците од прекумерно работење, но ќе биде дозна.
Дури и ако ви е сето ова за пари, парите не вредат за да се справувате со следново:
1. Го зголемувате ризикот за депресија. Едно истражување на британски и фински научници вели дека луѓето кои работат 11 или повеќе часа на ден имаат два пати поголем ризик од појава на депресивни епизоди во споредба со оние кои работат стандардно 7 до 8 часа на ден. Заради работата поминуваат помалку време со семејството и пријателите, а имаат и помалку време за себе. Премалку спијат и немаат време за вежбање и исхрана.
2. Штети на срцето. Ако со годините почнете да зборувате дека работата ќе ве докрајчи, можеби и сте во право. Оние кои работат 10 часа на ден имаат околу 60% поголеми шанси да развијат срцева болест или да добијат срцев удар, во споредба со оние кои работат до 8 часа на ден. И за ова не е виновен стресот, затоа што обично ако работите прекувремено не значи и дека ви е стресна работата. Причина е повеќе немање време за здрави навики во животот.
3. Прекувременото седење – убиствено за целиот организам. Седењето на столче пред мониторот цел ден е посебно штетно. Хроничниот проблем со кичмата е оној кој ќе ве потсетува дека не треба да поминувате цели денови на столче.
4. Премногу стоење и физичка работа. Напорно е да се седи, но и оние кои работат стоејќи и физички работи исто така патат. Кичмата го носи целиот терет на работата.
5. Ненаспаност. Проблеми со неспиење, несоница, подочници, премореност на работа. Следи и слаба концентрација и неможност да си ги завршите обврските на време.
6. Ризик од деменција. Когнитивното оштетување во средните години е еден од факторите за појава на Алцхајмерова болест и други облици на деменција. Истражувањето објавено во "American Journal of Epidemiology" покажува дека прекувремената работа во средните години доведува до опаѓање на когнитивните функции и затоа се појавува деменција. Слични истражувања потврдуваат дека на мозокот не делуваат само бројот на работни часови, туку и должината на смените.