Митови за болката

mitovi-za-bolkata-povekjeУпорно кружат неколку митови во кои повеќето луѓе веруваат, но кога треба да се справите со болката подобро е да ја знаете вистината. Еве ја вистината...


...за тоа дали треба да се обидувате да издржите, дали да се напиете апче, колку е голема опасноста од зависност...

mitovi-za-bolkata-1

Мит: Ќе станете зависни од аналгетиците
Да и не. Ако земате лекарства против болка кога не чувствувате никаква болка, особено ако се работи за лекови базирани на опијати, како трамадол и морфиум, тогаш, да, лесно ќе развиете зависност. Но, кога чувствувате болка и земате вакви лекови, нема да станете зависни од нив бидејќи токму поради болката вашето тело различно реагира на внесените супстанци.

mitovi-za-bolkata-2

Мит: Некои луѓе се вистински плачковци
Не. Сите различно ја чувствуваме и искажуваме болката, а тоа ни најмалку не значи дека оние кои се жалат поради нешто што вие лесно би го издржале се „мекуши“. Низа истражувања покажаа дека сите луѓе имаат различнен праг на толерирање болка, што не е поврзано со возраста, полот, тежината, ниту пак со она што ја предизвикува болката.

mitovi-za-bolkata-3

Мит: Подобро е да издржите без апчиња
Акутната болка, како забоболката, ќе ве направи раздразливи и нерасположени, нема да може да заспиете и ќе се одложи процесот на заздравување. Нема причина да издржувате без лекарства, секако следејќи ги упатствата и внимавајќи на контраиндикациите.

mitovi-za-bolkata-4

Мит: Ако често земате апчиња против болка, веќе нема да имаат ефект
Ако многу често земате лекарства базирани на морфиум, по одреден период организмот развива толеранција кон нив. Но, со било кои други лекови против болка не доаѓа до таква појава.

Би можело да ве интересира:

5 видови рак на репродуктивниот систем за кои секоја жена треба да знае Вагинален, рак на грлото на матката, рак на јајникот – важно е секоја жена да би...
Кои третмани за коса треба да ги избегнувате ако страдате од мигрена, според доктор? Екстензиите за коса се еден од неколкуте третмани кои е најдобро да ги избегнува...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Аневризма на мозокот - како да ја препознаете и кои се последиците ако пукне? Премногу силна главоболка е првиот знак за аневрзима на мозокот. На пациент со п...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да се ослободам од постојаниот страв дека ќе се случи нешто ... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg