8 чекори во борбата против празничната депресија

8-cekori-vo-borbata-protiv-praznicnata-depresija-povekjeИако многумина го сметаат за најубав дел од годината, еуфоричниот период на новогодишните и божиќните празници кај некои луѓе може да предизвика...


...стрес, нервоза и депресија. Откако стресот ќе се акумулира, тешко може де се запре, предупредуваат стручњаците од клиниката "Mayo". Ако не се спречи, води кон депресија.

Забавата е една од најдобрите методи за спречување на мрачното расположение. Ако на пример повикате пријатели на прошетка или ноќна забава со топки снег, стресот ќе почне да слабее.

Ви предлагаме 8 празнични антидепресиви:

8-cekori-vo-borbata-protiv-praznicnata-depresija

План за среќа - реално планирање
Не поставувајте цели кои не сте сигурни дека можете да го остварите. Наместо сите празнични задачи да ги сконцентрирате во еден ден, обидете се да ги распоредите на неколку дена.

Прифатете ги промените
Некои од промените кои ги носи животот не се едноставни и не ги посакуваме. Но, за да се тргне понатаму, важно е да ги прифатиме.

Дозирање на тагата
Ако за време на празниците имате тажни или лоши сеќавања, дозволете си да ја изразите тагата, никој не е постојано среќен. Но, немојте да дозволите поради тагата да се изолирате од светот.

Поглед напред
Свртете се кон иднината. Минатогодишните сеќавања не се секогаш најпријатни, па оставете ги во минатото. Не дозволувајте минатогодишните празници да го диктираат овогодишното расположение. Сите празници се различни.

Подарување
Парите се најчестата причина за празничното разочарување, тврдат стручњаците. Најдобро е да одредите колку ќе потрошите и кон тоа да се придржувате. Најубавите подароци не можат да се купат.

Цврста граница
Научете да кажете „не“. Секој има граница, па ако мислите дека нешто не можете да направите, застанете на време. Загриженоста и заморните обиди можат да предизвикаат стрес, иритација, нервоза и очајување.

Последен момент
Чекањето до последен момент најчесто носи стрес. Наместо семејниот ручек и подготвувањето на подароците да ги организирате во последен момент, пронајдете малку слободно време за планирање.

Разговорот лечи
Ако и покрај промените, излегувањата и забавите и понатаму не можете да ги оттргнете црните мисли, разговарајте со некого. Било да е тоа член на семејството, пријател или терапевт, разговорот ќе ви помогне да си дојдете на себе. 

Би можело да ве интересира:

Вие прашувате, психолог одговара: „Не ми е пријатно кога сум помеѓу луѓе - мислам дека ќе кажам нешт... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Вие прашувате, психолог одговара „Перфекционист сум - ова ми создава притисок и постојано сум под ст... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
4-те најчести митови за менопауза во кои не треба да верувате Дебелеењето е неизбежно и менопаузата значи дека сте стари – во кои митови за ме...
Што ќе се случи со вашето тело ако секој ден јадете по 3 урми? Го намалуваат нивото на шеќери, овозможуваат исфрлање на лошиот холестерол, пома...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Синдром на ноќно јадење - Зошто се прејадувате навечер и како да престанете? Чувствувате ли навечер глад, па јадете сѐ што ќе ви се најде при рака? Ноќното ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg