ПМС или бременост: Како да ги разликувате симптомите?
Гадење
Кога станува збор за ПМС, не би требало да почувствувате гадење или повраќање.
Од друга страна, утринската мачнина е еден од најчестите симптоми на бременост и може да биде придружена и со повраќање.
Важно е да знаете дека и покрај името, оваа мачнина може да се појави во кој било период од денот.
Желба и аверзија кон одредена храна
Кога сте во ПМС, нормално е да имате поголем апетит и да сакате храна со повеќе сол, масти, јаглехидрати и слично.
Во случај на бременост, се јавуваат истите промени во апетитот, но се многу, многу поизразени.
Притоа, кај бремените жени може да се јави и аверзија кон одредени продукти.
Болки во стомакот
Болките во стомакот се честа појава за време на менструација.
Кај некои девојки и жени, можат да се јават и до 48 часа пред почетокот на менструацијата.
Слични болки се јавуваат и во рана бременост, но се генерално поблаги и повеќето жени ги чувствуваат на најдолниот дел од стомакот или долниот дел од грбот.
Ако имате историја со спонтан абортус или ризична бременост, а сте бремени, не би требало да ги игнорирате овие болки, особено ако ви се чини дека се засилуваат.
Кога да одите на гинеколог?
Најпрво, важно е да знаете дека е нормално понекогаш менструацијата да ви задоцни.
Неретко ова е причинето од фактори како стрес, големи животни промени, некои болести…
Ако се сомневате во бременост, препорачливо е да направите тест барем 21 ден по незаштитениот сексуален однос.
Најдобро е да почекате ден-два откако ќе ви задоцни менструацијата за да добиете поточни резултати.
Ако добиете негативен тест, но менструацијата сепак ви доцни, најдобро е да се консултирате со гинеколог.
Ако добиете позитивен резултат, повторно е најдобро да одите на гинеколог кој ќе може да ви ја потврди бременоста.
Спирова С. | Црнобело