Жени кои на 30 години дознале дека имаат АДХД ги откриваат симптомите: „Зборување без престан, тешко учење…“
„Отсекогаш се чувствував поразлично од другите, секогаш се чувствував како чудак, ги губев пријателите и секогаш се прашував што е тоа во мене, што ним не им се допаѓа“ – две жени откриваат како доцна во животот добиле дијагноза на АДХД и како конечно сфатиле дека проблемите со коишто се соочувале во детството се резултат на невролошко нарушување.
Голем број возрасни жени отворено зборуваат за својата доцна дијагноза на Синдром на невнимание и хиперактивност, познато и како АДХД, и за проблемите што оваа состојба им ги предизвикала во периодот додека биле деца, но и како тоа се одразувало врз нив и способноста за учење.
Кели Баумс (33) од Чикаго, САД, денес е тренер за АДХД, дури откако во 30-тата година на својот живот дознала дека страда од АДХД и конечно сфатила дека овој проблем ѝ отежнувал да склопи пријателства, но и да се сконцентрира на училишните задачи.
Денес таа се труди да им помогне на другите кои имаат ваков проблем, а во интервјуа за светските медиуми, открива како се чувствувала кога конечно дознала со што се соочувала целиот свој живот.
„Отсекогаш се чувствував поразлично од другите, секогаш се чувствував како чудак, секогаш се чувствував дека ги вознемирувам другите затоа што постојано поставував прашања или не можев да се придржувам со општествените норми.
Како дете постојано се чувствував како да сум напорна и никогаш да не сум доволна истовремено, а потоа тоа се одрази и кога станав возрасна личност“ – вели Кели.
Таа појаснува дека имала проблем да се сконцентрира за време на часовите во училиште, а за време на факултет сите задачи ги завршувала еден ден пред да истечат роковите и постојано во брзање.
„Постојано ми се случуваше да ги загубам пријателите и секогаш се прашував што е тоа во мене, што ним не им се допаѓа“ – вели таа.