Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар
Проблеми со фокусирање на училишните задачи
Бидејќи децата треба брзо и прецизно да го приспособат фокусот од подалечни кон поблиски предмети, почнувајќи од табли и компјутери, до учебници, таблети и тетратки, проблемите со видот може да се манифестираат како недостаток на фокусирање на училишната работа.
Навремената посета на лекар е од особена важност
Раниот преглед и раното дијагностицирање на евентуален проблем со очите се многу важни. Класичен пример е таканареченото мрзливо око.
Децата со оваа состојба имаат едно око кое е послабо од другото. Но, добра вест е тоа што со рана детекција, децата подобро реагираат на третманот кој, пак, вклучува покривање на едното око, капки за очи или очила.
Исто така, уште една работа која треба да ја имате предвид е вашата семејна историја. Ако некој од семејството имал проблем со очите, тогаш почнете да го следите детето и неговиот вид уште од најмала возраст.
Како да го убедите детето да посетите и да „соработува“ додека сте кај очен лекар?
За возрасните, посетата на очен лекар не е страшна, но за децата, тоа е нешто сосема друго. Најважниот дел од очниот преглед, а воедно и најтешкиот за децата, е детето да остане мирно.
Па, она што е важно е да ги подготвите децата уште од дома, така што ќе разговарате со нив неколку дена претходно.
Ако сите информации им ги „натрупате“ во последен момент, тогаш голема е веројатноста дека детето ќе се бунтува и ќе направи хаос.
Позитивниот пристап исто така ќе има позитивен психолошки ефект врз вашите деца, а доколку имате можност, закажете го истовремено и вашиот очен преглед, така што детето ќе ве гледа вас пред тоа да седне на столчето, па ќе му биде појасно што се случува.
Охрабрете ги – ако мама или тато може да го направат тоа, тогаш може и самото дете.
Уште еден трик кој може да ви биде од полза е целиот преглед да го претворите како една игра. Штом ќе дојде времето, предизвикајте го детето да седи мирно, па кој ќе остане мирен подолго време, тој ќе победи.
Исто така, неколку дена пред закажаниот очен преглед, можете да играте улоги дома. Симулирајте очен преглед - тестирајте го детето барајќи од него да чита знаци од далечина. Покријте му го прво едното, па другото око, па така, кога ќе дојде прегледот, детето ќе знае што да очекува.
Ако имате прашања за видот на вашето дете, не двоумете се да закажете преглед кај очен лекар. На повеќето деца видот им се тестира пред да започнат основно училиште, но доколку сметате дека има потреба од поран преглед, тогаш сторете го тоа веднаш.
Бидете отворени со лекарот, разговарајте и кажете му ги сите знаци кои ги забележувате кај детето, а ви создаваат загриженост. Доколку е потребно, побарајте второ, па и трето мислење.
Заштитете го видот на вашето дете, а колку понавремено, толку подобро.
М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com