11 рани знаци за деменција (кои може да ви бидат сигнал за црвена тревога)
Тешкотии при избирање зборови, летаргија, како и сериозни проблеми со концентрацијата – Кои се раните знаци на деменција кои е добро да ги знаете?
Деменцијата е болест за којашто нема лек. Но, со рана дијагноза, соодветна терапија и поддршка од саканите, напредувањето на болеста може значајно да се забави.
Препорачливо е сите да бидеме свесни за раните знаци на деменција со цел да знаеме кога треба да се консултираме со лекар.
Овие симптоми или знаци не значат дека сигурно имате деменција. Но, ако забележувате повеќе одеднаш и ви се чини дека се влошуваат, секогаш е добро да се консултирате со лекар.
Рани симптоми на деменција за кои треба да бидете свесни:
Проблеми со краткотрајното сеќавање
Нормално е одвреме-навреме да заборавите каде сте ги ставиле клучевите, далечинскиот управувач и слично.
Но, ако ова ви се случува многу често и неретко не можете да се сетите ни на детали од претходниот ден, добро би било да се консултирате со лекар.
Тешкотии при избирање зборови
И ова е нешто што може да ни се случи на сите, но обично е многу ретко.
Ако честопати ви е тешко да се сетите на зборот што сакате да го кажете, разговарајте со лекар.
И, ова не мора да бидат долги или поретко користени зборови – неретко се сосема обични зборови кои ги користите секојдневно.
Променливо расположение
Наглите промени во расположението можат да бидат ран знак за деменција.
Но, имајте на ум дека променливото расположение може да биде предизвикано од низа други фактори, како ПМС, менопауза, проблеми со менталното здравје …
Летаргија
Некогаш кај лицата со деменција се јавува и депресија која, пак, може да биде причина за летаргија.
Ако забележувате само летаргија и губење интерес за работи кои инаку ви биле забавни, но немате други симптоми на деменција, сосема возможно е да станува збор за друг проблем, како депресија.
Проблеми со концентрација
Деменцијата има влијание врз концентрацијата, особено ако треба да решите некој проблем или да направите некаков план.
Во овој случај може да ви биде тешко да испланирате нешто, да следите план кој сте го направиле или да ви биде тешко да работите со броеви, како најобични пресметки.