Дали сте хипохондрици и ги „имате“ сите болести на светов + Како се третира оваа состојба?
Кога да побарате помош од лекар и може ли да се излечи?
Ако ги забележувате симптомите што ги спомнавме, препорачливо е да одите на лекар.
Доколку лекарот не утврди дека навистина имате здравствен проблем, споделете ги вашите грижи за да може да ви препорача психијатар или психолог.
Експертот за ментално здравје ќе се обиде да открие од каде потекнува вашата хипохондрија, со цел да се реши тој проблем.
Можно е да ви препише и лекови кои ја намалуваат анксиозноста.
Исто така, можно е да добиете препораки за промени во секојдневието кои го намалуваат стресот, како вежбање, квалитетен сон и здрава исхрана.
Важно е да знаете дека лекувањето на хипохондријата нема да се случи преку ноќ. Ќе биде потребно време, како и труд од ваша страна.
Со трпеливост и примање соодветна терапија доколку е потребна, можете да се ослободите од лошите мисли што ги предизвикува хипохондријата.
Постојат ли компликации кои можат да настанат?
Доколу не побарате професионална помош за вашата хипохондрија, може да настанат некои компликации.
Овде спаѓаат:
- Нарушен однос со саканите – претераното грижење за вашето здравје може да биде фрустрирачко за другите
- Проблеми на работа, доколку отсуствувате често поради стравот дека ќе се разболите
- Неможност за извршување на секојдневните обврски
- Финансиски проблеми доколку трошите многу пари на лекари и лекарства
- Развивање друг проблем со менталното здравје, како депресија.
Спирова С. | Црнобело