Тешкотии при дишење и 'рчење може да се знак за ноќна апнеа: Како да ја препознаете - симптоми и начин на лекување?

Проблеми со лекови и операции

Опструктивната ноќна апнеа може да предизвика проблеми со консумирање на одредени лекови или неможност за извршување на потешки операции, бидејќи има поголема веројатност дека пациентот ќе има проблеми со дишењето (особено додека е под анестезија или лежи на грб).

Компликации на црниот дроб

Ноќната апнеа може да предизвика пациентите да имаат абнормални резултати на тестовите за функцијата на црниот дроб.

Нивниот црн дроб најверојатно ќе покаже и присуство на лузни.

Доколку не се третира болеста, се јавува централна апнеа, кога мозокот на пациентот дава наредби да престане да дише, што резултира со целосно губење на кислород.

teskotii-pri-disenje-i-rcenje-moze-da-se-znak-za-nokjna-apnea-kako-da-ja-prepoznaete-simptomi-i-nacini-na-lekuvanje-05.jpg

Фактори кои влијаат врз појавата на апнеа

Сè она што ја зголемува веројатноста дека едно лице ќе развие симптоми на апнеа може да се идентификува како фактори на ризик.

Најчестите фактори на ризик за појава на апнеа се:

- анатомски аномалии – луѓето со помал дијаметар на горниот респираторен тракт почесто заболуваат од оваа болест;

- причината е непозната, но факт е дека ризикот за развој на апнеја е речиси двојно поголем кај мажите отколку кај жените;

- возраста – најчесто се јавува кај лица над 60 години;

- прекумерна телесна тежина – дебелите луѓе имаат околу 6 пати поголеми шанси да развијат апнеа од луѓето кои одржуваат нормална телесна тежина;

- пушење – пушачите имаат 3 пати поголеми шанси да ја добијат оваа болест;

- ’рчење – луѓето кои имаат проблем со ’рчењето во сон се повеќе изложени на апнеа при спиење;

- затнат нос – луѓето кои имаат девијација или затнат нос за време на спиењето имаат околу 2 пати поголем ризик од развој на ноќна апнеа.

teskotii-pri-disenje-i-rcenje-moze-da-se-znak-za-nokjna-apnea-kako-da-ja-prepoznaete-simptomi-i-nacini-na-lekuvanje-08.jpg

Лекување

Ако вашиот лекар ви дијагностицира ноќна апнеа, тој ќе предложи третман врз основа на тоа колку е сериозна вашата состојба.

За благи случаи, можеби ќе треба само да го промените вашиот животен стил.

Потребно ќе биде да ослабете, да престанете да пушите или да ги излечите назалните алергии (доколку ги имате).

Ако имате умерена до тешка ноќна апнеа, вашиот лекар ќе препорача други третмани:

Континуиран позитивен притисок на дишните патишта - CPAP (Continuous Positive Airway Pressure)

Овој уред испраќа воздух под притисок преку маска додека спиете.

Овој воздушен притисок е повисок од воздушниот притисок околу вас, што помага да ги задржите вашите горни дишни патишта отворени за да се запре апнеата и ’рчењето.

Ако CPAP маската е непријатна за вас, разговарајте со вашиот лекар за други опции кои ќе ви помогнат да спиете добро.

teskotii-pri-disenje-i-rcenje-moze-da-se-znak-za-nokjna-apnea-kako-da-ja-prepoznaete-simptomi-i-nacini-na-lekuvanje-07_copy.jpg

Други уреди за притисок во дишните патишта

Доколку машината CPAP не ви одговара можете да се обидете со друг уред кој автоматски ќе го приспособи притисокот додека спиете, наречен auto-CPAP.

Единиците BPAP, кои обезбедуваат две нивоа на позитивен притисок на дишните патишта, сè уште една опција што му дава на вашето тело поголем притисок додека вдишувате и помал кога издишувате.

Орални апарати

Можете исто така да носите орален апарат кој ќе помогне грлото да биде отворено.

Иако CPAP апаратот е генерално поефективен, оралните апарати може да бидат полесни за употреба. Вашиот стоматолог може да ви помогне да го пронајдете оној кој најмногу ќе ви одговара.

Дополнителен кислород

Можеби ќе биде потребно да користите дополнителен кислород додека спиете ако имате централна ноќна апнеа.

Постојат многу уреди за кислород кои ќе помогнат воздухот да стигне до вашите бели дробови.

Лекување на други здравствени проблеми

Централната апнеа при спиење може да биде предизвикана од болести на срцето или невротрансмитер.

Со лекување на овие состојби, можете да ги контролирате и симптомите на ноќна апнеа.

Орална хирургија

Ако другите опции за третман не помагаат, лекарот може да предложи операција.

Лекарите се нафаќаат на операција само доколку другите начини на лекување не ја ублажиле вашата апнеа или ако имате редок проблем со структурата на вилицата.

С. Ш. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg