Зошто се појавуваат влакна на женските гради и дали е безбедно да ги отстраните?

Многу жени и девојки имаат влакненца во пределот на градите, особено околу брадавиците. Оваа појава може да биде наследна, но и да укажува на здравствен проблем, па не би требало да ја игнорирате.

zoshto-se-pojavuvaat-vlakna-na-gradite-na-zhenite-i-dali-e-bezbedno-da-gi-otstranite-01.jpg

Влакненцата на градите кај жените не се невообичаена појава. Всушност, многу жени се соочуваат со овој проблем, но ова е тема на која не се разговара често.

Во многу случаи, влакненцата на градите се генетски или хормонски.

Дали може да се отстранат и во кој случај треба да се обратите на лекар, прочитајте во продолжение:

Што предизвикува растење на влакненца во пределот на градите кај жените?

Хормонални промени

Главната причина за растењето на влакненца во пределот на градите кај жените се хормоните. Растот на влакната на нашето тело, и кај мажите и кај жените, е контролиран од нашите хормони.

Влакната стануваат поизразени за време на пубертетот.

Доколку во женското тело прекумерно се произведува машки полов хормон - тестостерон, може да дојде до појава на влакнценца во оваа област. Во исто време, производството на овој хормон може да предизвика дополнителни ефекти, како што се појава на акни, неправилен менструален циклус и раст на мускулите.

Исто така, доколку дојде до промена на нивото на половите хормони естроген и прогестерон кај жените, тоа може да предизвика појава на влакненца на градите. Обично се јавува кај жени кои се бремени или во менопауза, кога нивото на естроген се намалува.

Овие хормонални промени се сосема природни и нормални, така што нема зошто да се грижите. 

zeni-poglednete-vo-vasite-gradi-vlaknencata-vo-ovoj-predel-moze-da-ukazuvaat-na-zdravstven-problem-03.jpg

Но, постојат моменти кога растењето на влакненца на вашите брадавици може да биде знак за здравствени проблеми и тоа:

Синдром на полицистични јајници

Нередовниот менструален циклус и растот на влакненца околу градите, лицето и грбот можат да бидат знак дека имате полицистични јајници.

Состојбата зависи од функцијата на женските јајници. Ова се случува кога јајниците не можат да ослободат јајцеклетки, што е знак дека не се случува овулација.

Состојбата може да доведе и до нередовни менструации, што исто така им отежнува на жените да забременат. 

zeni-poglednete-vo-vasite-gradi-vlaknencata-vo-ovoj-predel-moze-da-ukazuvaat-na-zdravstven-problem-12.jpg

Кушингов синдром

Кушингов синдром е нарушување предизвикано од хронично зголемување на нивото на кортизол во телото и бара сериозен третман. Кортизолот е стероиден хормон кој го контролира вашиот метаболизам.

Овој синдром обично е предизвикан од конзумирање лекови базирани на стероиди долго време, но може да се појави и поради тумори на хипофизата, мозокот или надбубрежните жлезди.

Симптоми на Кушингов синдром се ненадејно зголемување на телесната тежина околу градите и стомакот, црвено и подуено лице, зголемен раст на влакненца, појава на стрии и модринки, слабост во горниот дел од телото - рамената и нозете, намалено либидо, проблеми со забременување, депресија, зголемена млитавост на телото и висок крвен притисок.

zeni-poglednete-vo-vasite-gradi-vlaknencata-vo-ovoj-predel-moze-da-ukazuvaat-na-zdravstven-problem-04.jpg 

Дали е безбедно да ги отстраните влакненцата во областа на градите?

Влакненцата на градите се природни и ако не ви пречат, нема потреба да ги отстраните. Меѓутоа, ако сакате да се ослободите од нив, нема контраиндикации. 

На следната страница, како можете да ги отстраните влакната од областа на градите...



Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg