Ги открива воспаленијата во телото, помага за спречување на срцев удар - Што означува CRP во крвната слика?
Нивото на CRP може да укаже дали имате инфекција во телото, а кај повозрасните лица може да детектира воспаление на крвните садови и на тој начин да ви помогне во превенцијата на срцеви заболувања. Зошто редовните анализи на CRP се многу важни и кое ниво на протеинот е нормално?
Кога телото ќе се соочи со вируси, бактерии или токсични материи, или пак ако се соочи со повреда, тоа го активира имунолошкиот систем. Во телото се формираат клетки, чијашто главна цел е да ги заробат бактериите и другите несакани материи, па заради тоа на местата каде што има инфекција често може да се појави болка, модринки, оток и слично.
Но, што ако инфекцијата се случува внатре во телото и не можеме да ја забележиме?
Кога се соочувате со некое заболување, лекарите обично ќе побараат да направите анализа на крвта, при што бараат да се утврди и нивото на CRP.
Па, што е тоа CRP, на што може да укажува и зошто толку често лекарите бараат да се направи и таква анализа?
Со ваквите анализи на крвта најчесто се мери нивото на Ц-рекреативниот протеин (CRP) во крвта. Станува збор за протеин што во многу мали количини се излачува од црниот дроб, а кога неговото ниво е покачено, тоа најчесто укажува на одреден вид воспаление во организмот.
Високото ниво на CRP честопати може да укаже дека лицето има посериозно заболување, што предизвикува воспаление во телото. Но, иако овој тест е сигурен показател за тоа дали постои или не постои воспаление, тој не покажува кој дел од телото е воспален.
Најчесто лекарите може да побараат да направите анализа на CRP кога постои сомнеж дека:
- Имате инфекција предизвикана од бактерии и вируси;
- Имате воспаленија на внатрешните органи, предизвикани од различни заболувања;
- Имате автоимуни заболувања,
- Имате заболувања на белите дробови, како бронхитис и астма.
Доколку имате зголемена температура и треска, забрзано биење на срцето и забрзено дишење или се соочувате со мачнини и повраќање, лекарот најверојатно може да побара од вас да направите анализа на CRP.
Исто така, кај оние луѓе кај кои веќе е детектирано хронично заболување, редовните анализи на протеинот можат да помогнат за да се увиди дали состојбата се подобрува.
Доколку се забележи опаѓање на нивото на CRP во организмот, тоа значи дека воспалението се намалува, односно дека препишаните лекови и терапии делуваат или пак телото само успеало да се избори.
За да се направи анализа на CRP, потребно е да се земе примерок од венска или капиларна крв (кај многу мали деца со слабо достапни вени).
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_111356_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_110719_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_108129_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_107868_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_110938_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_109236_400.jpg)