Како да препознаете дали вашето дете има крупни сипаници и како да му помогнете?
Третирање на сипаниците
Најчесто децата што се заболени од големи сипаници остануваат да закрепнат во домашни услови.
Вообичаено терапијата што лекарите ја препишуваат за големи сипаници се состои од витаминска терапија, внесување повеќе течности, лекови за намалување на телесната температура (најчесто парацетамол) и се препорачува детето да мирува.
Локално, се препорачува осипот да се мачка со препарати (пени и течни пудри) кои помагаат плускавците полесно да се исушат и го ублажуваат чешањето.
Некои лекари препорачуваат и сирупи против алергии, со цел да се спречи детето во сон да ги чеша крастите и да не останат лузни.
Ако забележите дека околу некои од плускавците се формираат големи, црвени кругови, што може да укажат на уште некоја бактериска инфекција потребно е веднаш да консултирате лекар.
Исто така, вообичаено децата со сипаници имаат намален апетит, но ако забележите дека состојбата им се влошува, стануваат дезориентирани или одбиваат да пијат течности, тоа е сигурен знак дека треба веднаш да побарате совет од лекар.
Бањање за време на сипаници
Туширањето со млака вода 2 до 3 пати дневно е препорачливо, затоа што помага да се разлади кожата и да се намали чешањето.
По туширањето со пешкир само нежно се впиваат капките вода, без триење и внимателно да не се дупнат пликовите и да не дојде до појава на лузни.
Бањањето и потопувањето во када не се препорачува.
Каква храна треба да му давате на детето додека има сипаници?
Како што споменавме погоре, кај децата со сипаници се јавува осип и во устата и во интимните делови, што може да предизвикува болка.
Затоа мошне е важно да внимавате и на храната и пијалаците што му ги давате на детето во овој период.
Најдобро е да избирате ладна, мека храна или испасирани оброци, без зачини за да не се јави иритација во устата. Исто така, избегнувајте кисела или солена храна и течности.
Б. С. Б. | Црнобело / фото: depositphotos.com