10 промени на вашите стапала што можеби укажуваат на здравствен проблем
Вжештени стапала
Ако имате чувство како стапалата да ви се многу жешки, можно е да станува збор за оштетување на нервите.
Ова оштетување најчесто е предизвикано од дијабетес, хроничен алкохолизам, изложеност на одредени токсини и слично.
Искривени нокти
Промените на ноктите можат да укажуваат на цела низа проблеми. Но, најчесто се предизвикани од габични инфекции.
Сепак, ако имате и други симптоми, како вртоглавица, најдобро консултирајте се со лекар.
Болка во петите
Најчесто болката во петите е предизвикана од неудобни чевли, особено штикли.
Неретко и дебелината може да предизвика болка во петите, како и скокање или трчање по тврди површини.
Ако болката е придружена со други непријатни симптоми, тогаш одете на лекар.
Намален раст на влакна
Ако ги депилирате влакната на стапалата, тогаш е нормално со текот на времето да се изретчат.
Но, ако забележите дека повеќе нe ви растат, без разлика што не ги ни допирате, можно е да станува збор за слаба циркулација, дијабетес, проблеми со тироидната жлезда, хормонални промени или габична инфекција.
Отрпнати стапала
Повремената отрпнатост на стапалата е појава која не треба да ве загрижува.
Сепак, ако ова се случува често, можно е да станува збор за дијабетес. Некогаш и тироидните проблеми, ревматизмот, пиењето многу алкохол и некои лекови можат да го предизвикаат овој симптом.
Спирова С. | Црнобело