Дали народните лекови се ефикасни за сезонски алергии (и како да ги намалите симптомите)?
Дали се ефикасни народните лекови?
Ако страдате од сезонски алергии, веројатно сте слушнале многу совети за наводно ефикасни народни лекови.
Овде спаѓаат лекови како мед, спирулина и одредени билки.
Сепак, направени се многу мал број истражувања за ефикасноста на овие лекови. Истовремено, повеќето истражувања покажале дека не се доволно ефикасни.
Постои верување и дека акупунктурата може да биде од помош. Но, и во овој случај, нема доволно истражувања што ја потврдуваат нејзината ефикасност.
Доколку сепак сакате да пробате некој народен лек, задолжително консултирајте се со лекар.
Како да ги намалите симптомите?
Намалете ја изложеноста на алергени
Ако не сте изложени на алергени како полен, симптомите ќе бидат поблаги.
- Останете дома на ветровити и многу жешки денови.
- Избегнувајте да косите трева и какви било градинарски активности што можат да ја активираат алергијата.
- По излегување, исперете ја облеката и истуширајте се за да го отстраните поленот од себе.
- Немојте да ја сушите облеката на отворено – поленот може да се „закачи“ на неа.
- Ако мора да излезете кога симптомите ви се лоши, носете заштитна маска.
Набљудувајте го нивото на полен
На повеќето апликации за временска прогноза можете да го видите и нивото на полен во воздухот и да преземете превентивни мерки:
- Ако има најава за високо ниво на полен, почнете да ги пиете лековите препорачани од доктор неколку дена порано, односно пред да ви се појават симптомите.
- Затворете ги сите врати и прозорци во домот.
- Избегнувајте активности на отворено во утринските часови, кога нивото на полен е највисоко.
Консултирајте се со лекар
Постојат неколку лекови за сезонски алергии кои се издаваат без рецепт. Но, секогаш е добро прво да се консултирате со вашиот лекар.
Овие лекови вклучуваат апчиња кои ги намалуваат симптомите како кивање и солзење на очите, спрејови кои ги ублажуваат назалните симптоми и слично.
Што ако ништо не ви помага?
За жал, за некои луѓе вообичаените третмани не се доволни.
Во овој случај можно е да ви биде направен тест за алергија со кои ќе се утврди што точно ги активира симптомите.
Во зависност од резултатите, вашиот лекар ќе ви одреди соодветна терапија.
Спирова С. | Црнобело