Дали народните лекови се ефикасни за сезонски алергии (и како да ги намалите симптомите)?

Пред да пробате каков бил лек за сезонски алергии, без разлика дали народен или купен од аптека, задолжително консултирајте се со вашиот лекар. Во меѓувреме, добро би било да го следите нивото на полен во воздухот и да преземете некои превентивни мерки.

dali-narodnite-lekovi-se-efikasni-za-sezonski-alergii-i-kako-da-gi-namalite-simptomite01.jpg

За оние кои страдаат од сезонски алергии, пролетта може да биде најлошото годишно време.

Постојаното кашлање и кивање, заедно со растечениот нос, не се воопшти пријатни симптоми и можат навистина да го отежнат секојдневието.

Што се сезонски алергии и кога се јавуваат?

Кога телото стапува во контакт со супстанца на која сте алергични, имунитетот ја гледа како закана, по што се развиваат разни симптоми.

Овие супстанци се познати како алергени, а кај сезонските алергии најчестиот алерген е поленот.

Поради ова, кај луѓето кои се алергични на полен, симптомите се најизразени во пролет.

Но, појавата на симптомите зависи и од местото на живеење – ако сте на место со тропска клима, каде што поленот е присутен во текот на целата година, можно е да ги чувствувате симптомите речиси постојано.

Покрај тоа, постојат и растенија кои ослободуваат полен во лето и есен, па симптомите на сезонските алергии можат да се појават и во овие годишни времиња.

Постојат и неколку други (климатски) фактори кои влијаат врз интензитетот на симптомите:

  • Генерално, највисоки нивоа на полен има во утринските часови.
  • Додека дождот го отстранува поленот, неколку часа по врнежите неговото ниво може да се зголеми.
  • Нивото на полен се зголемува и кога е ветровито.
  • Поленот од некои растенија е на највисоко ниво на топли денови со висока влажност на воздухот.

dali-narodnite-lekovi-se-efikasni-za-sezonski-alergii-i-kako-da-gi-namalite-simptomite-02.jpg

Кои се симптомите?

Постојат неколку симптоми кои се поврзани со сезонските алергии, меѓу кои:

  • Кивање
  • Чешање на носот, грлото и очите
  • Растечен нос
  • Насолзени очи
  • Замор
  • Кашлање
  • Главоболка

dali-narodnite-lekovi-se-efikasni-za-sezonski-alergii-i-kako-da-gi-namalite-simptomite-03.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Симптоми на мини мозочен удар што не треба да ги игнорирате Минливиот исхемичен напад неретко е знак дека наскоро може да дојде до мозочен у...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg