Ретро трикови за убавина што ќе ви користат и денес

Знаевте ли дека можете да си направите пилинг за тело со обичен шеќер или дека можете да ги извиткате трепките со лажица?

retro-trikovi-za-ubavina-shto-kje-vi-koristat-i-denes-01.jpg

Нашите баби ги немале продуктите за убавина што ни се достапни денес, а поради ова биле навистина креативни.

Неретко користеле предмети и продукти што веќе ги имаат во домот, а дел од нивните трикови сигурно би сакале да ги пробате и денес.

Ретро трикови за убавина што ќе ви користат:

Вода од ориз за лице

Водата од ориз се прави многу едноставно – ставете половина шолја ориз во три шолји вода. Оставете го оризот барем половина час и потоа прецедете ја водата.

Во минатото, водата од ориз била популарен продукт за убавина бидејќи е одличен извор на витамини и антиоксиданти.

Обично се користи како тоник и се нанесува на чиста кожа, а се верува дека со честа употреба може да го изедначи тенот на кожата.

retro-trikovi-za-ubavina-shto-kje-vi-koristat-i-denes-02.jpg

Виткање трепки со лажица

Виткачите за трепки се изум кој кај нас е релативно нов. Но, ова не значи дека жените не се снаоѓале и без него.

Можете да ги извиткате трепките со обична лажица – ставете маскара и држете ја лажицата на очниот капак, над трепките, со вдлабнатиот дел кон окото. Нежно притиснете ги трепките на лажицата и држете неколку секунди.

Нормално, подобар резултат би добиле со виткач, но овој трик е одличен во миговите кога немате при рака.

retro-trikovi-za-ubavina-shto-kje-vi-koristat-i-denes-005.jpg

Виткање коса со крпчиња

Искинете стара маица или крпа на долги ленти и извиткајте ја косата со нив, исто како со виклери.

Најдобро е да ги оставите преку ноќ.

retro-trikovi-za-ubavina-shto-kje-vi-koristat-i-denes-04.jpg

Ставете вазелин на прстите пред да се лакирате

Ако не сте многу прецизни со лакот за нокти, на кожата околу секој нокт нанесете малку вазелин пред да се лакирате.

Бидејќи вазелинот е многу мрсен, ќе ја заштити кожата од лакот за нокти и многу лесно ќе ги отстраните грешките.

retro-trikovi-za-ubavina-shto-kje-vi-koristat-i-denes-05.jpg

Кармин наместо руменило

Кармините со црвени и розови нијанси можат да заменат руменило.

Нанесете малку од карминот на јаболкниците и добро размачкајте го.

Во овој случај е важно да ја погодите вистинската нијанса за вашата кожа, па најдобро прво тестирајте го карминот на раката.

retro-trikovi-za-ubavina-shto-kje-vi-koristat-i-denes-06.jpg

Пилинг со шеќер

Обичниот шеќер може да биде одличен продукт за пилинг.

Можете да го измешате со малку кокосови масло или евтин лосион за тело и нежно измасирајте ја кожата пред туширање. Немојте да притискате многу за да не ја иритирате кожата.

Можете и да си направите пилинг од талог од кафе и шеќер.

retro-trikovi-za-ubavina-shto-kje-vi-koristat-i-denes-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето? Иако кожата може да биде помека, важно е да знаете дека бричењето на лицето не е...
Третмани за убавина кои треба да ги направите пред одмор за да изгледате совршено на плажа Депилација наместо бричење и гелни нокти наместо обичен лак – кои третмани ќе ви...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg