8 продукти за убавина што ги одминуваме во продавница, но може да бидат корисни

Како што прајмерот за лице ја измазнува кожата и прави пудрата да изгледа многу подобро, ист ефект има и прајмерот за очи – која сенка и да ја ставите, ќе изгледа многу поубаво ако претходно нанесете прајмер на очите. Кои други продукти настојуваме да ги одминуваме, но не треба?

8-produkti-za-ubavina-shto-gi-odminuvame-vo-prodavnica-no-pravat-golem-razlika-01.jpg

Денес постојат толку многу продукти и производи за убавина, што некогаш е тешко да одредиме што ни е навистина потребно.

Постојат продукти што ги користиме скоро сите, но постојат и такви што настојуваме да ги одминуваме, несвесни дека можат да направат голема разлика.

Осум вакви продукти во продолжение:

Венче или голем стегач за коса

Многу е поедноставно да ставите венче или голем стегач за коса, наместо да ја собирате косата во опавче или пунџа.

Дури и ако дома имате венчиња за коса, препорачливо е да купите посебно за шминкање бидејќи секогаш постои можност да го извалкате.

8-produkti-za-ubavina-shto-gi-odminuvame-vo-prodavnica-no-pravat-golem-razlika-02.jpg

Масло за кутикули

Доволно е само да обрнете малку повеќе внимание на кутикулите и вашиот маникир ќе изгледа многу подобро.

Наједноставниот трик за ова е масло за кутикули кое ја омекнува кожата.

8-produkti-za-ubavina-shto-gi-odminuvame-vo-prodavnica-no-pravat-golem-razlika-03.jpg

Прајмер за трепки

Со комбинација од прајмер и маскара, нема ни да помислите на вештачки трепки.

Прајмерот има полесна текстура од маскарата, а ги прави трепките подолги и погусти. Ова доаѓа до израз кога врз него ќе ставите и маскара.

8-produkti-za-ubavina-shto-gi-odminuvame-vo-prodavnica-no-pravat-golem-razlika-04.jpg

Фиксатор за шминка

Нема потреба да купувате прескапи шминки за да ви траат повеќе.

Треба само да си купите фиксатор со чија помош шминката ќе ви трае и неколку часа подолго.

8-produkti-za-ubavina-shto-gi-odminuvame-vo-prodavnica-no-pravat-golem-razlika-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Ивона Јо - девојка на чие лице прилега секоја фризура (фото) Од русокоса со залижана момчешка фризура до бринета со разиграни локни, на цртит...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Колкаво количество продукти за убавина треба да користите, според експерти Кога нанесувате крем со фактор, важно е да го прекриете цело лице, а за ова ќе в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg