8 продукти за убавина што ги одминуваме во продавница, но може да бидат корисни
Прајмер за очи
Веројатно користите прајмер пред да ставите пудра, но добро би било да користите и за очи.
Прајмерот ја измазнува текстурата на кожата, па која сенка и да ја ставите, ќе изгледа многу подобро.
Четка за фенирање
Со четката за фенирање ќе можете да ја испеглате косата, но и да ја навиткате.
Всушност, правењето фризури со четка помалку ја оштетува косата отколку пегла или фигаро. Само треба да најдете соодветен бренд.
Серум за лице
Ако сте во доцните 20-ти години, а уште не користите серум за лице, ова е знак дека треба да почнете, дури и ако редовно нанесувате кремови.
За разлика од кремот, серумот навлегува во кожата подлабински и може да ви помогне да се ослободите од многу проблеми.
Постојат серуми со разни активни состојки, како витамин Ц, и сигурно ќе најдете нешто погодно за вашата кожа.
Слободно можете да го користите во комбинација со кремовите што веќе ги употребувате.
Четка за нанесување маска за лице
Ако сте како повеќето, веројатно имате навика да ги нанесувате маските за лице со раце.
Но, четката ќе ви помогне да ја нанесете маската многу порамномерно. Истовремено, ако имате долги нокти, повеќе нема да имате проблеми со остатоци од маска под нив.
Спирова С. | Црнобело