8 правила што ги почитуваат културните луѓе кога одат во салон за маникир

Никако немојте да доцните, кажете ако не ви се допаѓаат бојата или дезенот и немојте да ги сечeте ноктите пред да одите во салон. Кои други правила треба да ги следите во салон за маникир?

8-pravila-koi-treba-da-gi-sledite-koga-odite-vo-salon-za-manikir-01.jpg

Ако правите маникир (и педикир) во салон за убавина, мора да почитувате некои правила.

Со ова ќе оставите добар впечаток, ќе добиете подобра услуга и ќе им ја олесните работата на козметичарите.

За кои правила станува збор?

Немојте да доцните и немојте да одите многу рано

Никако немојте да доцните на закажан термин бидејќи со ова ќе го нарушите целиот распоред на козметичарите.

Ретко кога салоните имаат празен термин во денот, а кога ги закажуваат, земаат предвид колку долго трае третманот.

Што значи, ако вие задоцните, сите термини по вашиот ќе мора да бидат преместени за подоцна.

Исто така, не е препорачливо ни да доаѓате премногу рано доколку станува збор за мал салон во кој нема каде да почекате.

8-pravila-koi-treba-da-gi-sledite-koga-odite-vo-salon-za-manikir-02.jpg

Ако не ви се допаѓаат бојата или дезенот, кажете

Нормално е да се премислите и важно е да му го кажете ова на козметичарот.

Само, не чекајте да кажете во последен момент.

Односно, ако сфатите дека не ви се допаѓа бојата штом ќе почне да го прави првиот нокт, уште тогаш кажете.

8-pravila-koi-treba-da-gi-sledite-koga-odite-vo-salon-za-manikir-03.jpg

Не пробувајте да му помогнете на козметичарот

Козметичарите се професионалци и не очекуваат вие да им помагате кога ви прават маникир.

Немојте да ја движите дланката мислејќи дека ќе помогнете во лакирањето, стругањето или нанесувањето на гелот.

Треба да останете мирни, а доколку има потреба, козметичарот ќе ви каже да ја смените положбата.

8-pravila-koi-treba-da-gi-sledite-koga-odite-vo-salon-za-manikir-04.jpg

Немојте постојано да гледате во телефонот

Ако вниманието ви е насочено кон телефонот, најверојатно несвесно ќе ја движите другата дланка и само ќе му ја отежнете работата на козметичарот.

8-pravila-koi-treba-da-gi-sledite-koga-odite-vo-salon-za-manikir-05.jpg

Уште четири правила на следната страница...



Би можело да ве интересира:

14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
„Млечни нокти“ - тренд на кој нема да можете да му одолеете (фото) За оние кои често ги менуваат формата и бојата на ноктите, новиот тренд „млечни ...
„Какви нокти очекував, а какви добив“: Жени споделуваат „хорор“ искуства од салони за маникир Искривени нокти, шкртаници наместо квалитетен дизајн, излупен лак... Жени ги спо...
Сите нијанси на жолто - Идеи за пролетен маникир Металик или мат, нежна како банана или силно жолта... Која нијанса и стил се ваш...
Завршете го летото со шарен маникир: 25 идеи за нокти во весели бои (фото) Весели и дречливи бои, нокти кои не мора да се совршено налакирани, но ќе бидат ...
Кои маникири ќе бидат хит оваа зима, а кои е најдобро да ги избегнувате? Земјените тонови се одлични за студените месеци, додека многу нападните празничн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg