Како да познаете дали купувате оригинал козметика и шминки?
Мирис
Не заборавајте да го мириснете продуктот.
Шминките и козметиката од квалитетни брендови секогаш имаат пријатен мирис. Дури и продуктите како маскара секогаш имаат суптилна, но пријатна арома.
Ако продуктот мириса лошо, дури и како некаков лек, сигурно станува збор за копија.
Цена
Ова е најочигледниот показател.
Квалитетните брендови секогаш се поскапи. Па, ако продуктот во продавница е драстично поевтин од вообичаено, веројатно станува збор за копија.
Место на продажба
Секако, многу важно е и од каде ги купувате продуктите.
Ова никако не значи дека во малите и помалку познатите продавници има само копии.
Но, ако влегувате во продавница од која не сте купувале претходно, а продуктот ви изгледа сомнително, можно е да станува збор и за копија.
Исто така, и купувањето од непроверени онлајн продавници може да биде ризично, најмногу бидејќи немате како да го видите продуктот пред да го платите.
Со кои брендови треба да бидете највнимателни?
Нормално, најпознатите брендови се и најчесто копирани. Обично ова се и брендови чии продукти се релативно поскапи.
Па, секогаш бидете повнимателни со продукти од брендови како Clinique, MAC, Lancome и слично.
Спирова С. | Црнобело