Долгите шпицести нокти ѝ се препознатлив знак на Антониа Гиговска (фото)
Екстремно долгите и шпицести нокти ѝ се омилени на нашата пејачка, од светкаво сини до сјајни црвени и со срциња, тие полека ѝ станаа задолжителен „додаток“ на модните стајлинзи.
Антониа Гиговска е една од нашите пејачки која најинтензивно следи светски модни трендови, како во поглед на стајлингот, така и во поглед на начинот на позирање и водење на својот Инстаграм профил.
Но, младата пејачка со моќен вокал ги следи трендовите и во поглед на маникирот и веќе извесен период омилени ѝ се шпицестите нокти.
Екстремно долги, од светкаво сини до сјајно црвени, како и со француски маникир и срциња на нив, таа постојано експериментира.
Тие ѝ се омилен начин за надополнување на изгледот на настапите.
Големата должина очигледно не ѝ прави проблем затоа што таа речиси цела 2022-ра година е со ваков тип на нокти.
Шпицестите нокти ѝ се заштитен знак на Гиговска:
С. С. | Црнобело / фото: Инстаграм