10 лоши навики поради кои изгледате постаро отколку што навистина сте
Пиете многу кафе
Кафето е одличен пијалак кој не само што нè расонува, туку и му годи на организмот. Но, само ако сте умерени.
Претераното консумирање кафе може да ги зајакне симптомите на анксиозност, но и да го наруши сонот.
Сето ова има влијание и врз вашиот изглед и може да направи да изгледате постаро.
Јадете многу преработена храна
Во деновите кога немате време за готвење, замрзнатите јадења кои се приготвуваат за неколку минути во микробранова или рерна се одлични.
Но, избегнувајте постојано да јадете ваква и слична, многу преработена храна.
Обично овие продукти имаат секакви додатоци за да им се продолжи рокот на траење, а голем дел имаат и многу сол за да им се подобри вкусот.
Прекумерното внесување сол, пак, може да предизвика висок крвен притисок, проблеми со срцето и бројни проблеми со целото здравје.
Не спиете доволно
Веројатно не треба да ви објаснуваме зошто е важен квалитетниот сон и за здравјето, и за добриот изглед.
Пробајте секоја вечер да спиете барем по седум часа.
Постојано користите електронски уреди
Сината светлина што ја емитуваат телефоните, компјутерите и таблетите можат да ја оштетат кожата ако ги користите постојано.
Ако по цел ден „зјапате“ во екран, голема е веројатноста да почнат да ви се појавуваат брчки порано отколку што треба.
Не ја отстранувате шминката
Иако веруваме дека сте го слушнале ова стопати, вреди да се спомне уште еднаш.
Важно е да ја отстраните целата шминка од лицето пред да си легнете ако сакате да спречите низа проблеми со кожата, како акни, иритација, па дури и предвремена појава на брчки.
Спирова С. | Црнобело