Трикови со кои ќе го намалите мрсењето на косата (за да не ја миете секој ден)
Мијте ја косата поретко
Ако почнете да ја миете косата еднаш-двапати неделно, со текот на времето таа помалку ќе се мрси.
Само, имајте на ум дека ќе треба да помине време додека косата да се адаптира.
Чешлајте ја косата секој ден
Со редовното чешлање ќе ги разнесувате маслата од скалпот низ целото влакно, па косата ќе изгледа чиста подолго време.
Исто така, со редовното чешлање ќе го избегнете заплеткувањето, а со тоа и кинењето на косата.
Собирајте ја во опавче кога е многу топло
Кога времето е многу топло, нормално е да се испотите на вратот и грбот, а оваа пот може да ја измрси вашата коса додека спиете.
Затоа, кога температурите се многу високи, најдобро соберете ја косата пред да си легнете.
Користете шампон за суво миење
Овие шампони се одличен продукт ако сакате да го одложите миењето за ден-два.
Но, немојте ни да претерате со нив – ако ги ставате секој ден, ќе го добиете спротивниот ефект.
Соберете ги вишокот масти со тоалетна хартија или хартиен бришач за раце
Овие продукти имаат силна впивачка моќ, па можат колку-толку да ги впијат мастите од скалпот и да направат косата да изгледа почиста.
Спирова С. | Црнобело