Влакната стануваат погусти и уште 9 митови за бричењето кои не се воопшто точни
Мит 6: Само бричењето предизвикува појава на поткожни влакна
И бричењето и депилирањето можат да предизвикаат поткожни влакна.
За да го избегнете ова, препорачливо е да направите пилинг на кожата пред бричење или депилација, но и да нанесувате лосион по секое туширање.
Мит 7: Доволно е да користите само сапун и вода за бричење
Ако користите само сапун и вода, го зголемувате ризикот од иритации.
Кремовите и геловите за бричење ги омекнуваат влакната и ја одржуваат влажноста на кожата, а со тоа ги намалуваат и иритациите.
Мит 8: Во ред е да позајмите брич од некој друг
Како и останатите предмети за лична хигиена, не треба да позајмувате ни бричови.
Мит 9: Бричењето ја суши кожата
Всушност, бричењето може да ги отстрани мртвите клетки од горниот слој на кожата и да ја направи помека.
Секако, можно е да се појави и сувост, но само ако не користите кремови за бричење или лосион за тело.
Мит 10: Треба да го менувате бричот секоја недела
Ова зависи од самиот брич.
Поквалитетните бричови можат да траат и неколку недели, а оние со полош квалитет можат да бидат неупотребливи по само 2-3 користења.
Препорачливо е да го смените бричот кога ќе забележите дека жилетите се тапи или кога гумичките се оштетени.
Спирова С. | Црнобело