Најчестите грешки поради кои домашниот маникир ви е неуспешен

Не ги подготвувате ноктите за лакирање, ги оштетувате со турпијата и нанесувате само еден слој лак.

najchestite-greshki-poradi-koi-domashniot-manikir-vi-e-neuspeshen-01.jpg

Дали сакате да правите маникир во домашни услови, но никогаш не сте задоволни од резултатот?

Тогаш можеби правите некоја од следниве грешки:

Не ги подготвувате ноктите за лакирање

Ноктите треба да бидат потполно суви пред да го нанесете лакот.

Исто така, на нив не треба да има масла или крем за раце бидејќи нема да можете рамномерно да го распоредите лакот.

Пред да го ставите лакот, пак, препорачливо е да ставите и основа која ќе ги заштити ноктите од лакот, но и ќе ја истакне неговата боја.

najchestite-greshki-poradi-koi-domashniot-manikir-vi-e-neuspeshen-02.jpg

Го тресете шишенцето за да го измешате лакот

Препорачливо е пред да се лакирате да го измешате лакот, особено ако не сте го користеле долго време.

Но, немојте да го тресете бидејќи на овој начин можат да се создадат меурчиња.

Наместо тоа, тркалајте го помеѓу дланките како на фотографијата десно.

najchestite-greshki-poradi-koi-domashniot-manikir-vi-e-neuspeshen-03.jpg

Не користите мала четка

Откако ќе се лакирате со големата четка од лакот, употребете и мала четка за да ги пополните тешко достапните места до кожата.

За ова можете да употребите каква било мала четкичка – можете дури и да исечете некоја од стар лак што веќе не го користите.

najchestite-greshki-poradi-koi-domashniot-manikir-vi-e-neuspeshen-04.jpg

Миете садови или се туширате веднаш откако ќе направите маникир

Иако навидум лакот за нокти се суши за неколку минути, препорачливо е да почекате барем два часа пред да миете садови, да се туширате или да правите што било што може да го оштети маникирот.

Сепак, потребно е повеќе време за да се исушат сите слоеви на лакот.

najchestite-greshki-poradi-koi-domashniot-manikir-vi-e-neuspeshen-05.jpg

Уште пет грешки на следната страница...



Би можело да ве интересира:

7 совети за ноктите да ви растат побрзо и да бидат здрави Кокосово масло, сок од лимон, проѕирен лак за зацврстување - како најлесно да ги...
Грешки во рутината за убавина што ги правиме во лето (а можат да бидат штетни) Дали ставате балсам за усни со фактор? А, дали имате навика да ги бричите нозете...
„Млечни нокти“ - тренд на кој нема да можете да му одолеете (фото) За оние кои често ги менуваат формата и бојата на ноктите, новиот тренд „млечни ...
Совети за нега на стапала на студено време + маски што можете да ги направите дома Купката со топла вода, и тоа само неколку минути дневно, може да ви направи знач...
Штипките во форма на цвет се летен хит – идеи како да ја фатите косата со нив (фото) Верувале или не, ретро штипките во форма на цвет се вистински хит за лето 2024 –...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg