Грешки во шминкањето кои ги направиле познатите дами (а треба да ги избегнувате)
Кога одбирате руменило, мора да ја земете предвид бојата на вашата кожа – ако имате многу светол тен, наместо црвена, многу подобро ќе ви стои бојата на праска.
Иако имаат цел тим стилисти зад себе, ниту познатите дами не се имуни на грешки кога станува збор за шминка.
Погрешна нијанса на пудра, многу темни сенки, нападна шминка – постојат бројни грешки кои познатите дами ги направиле дури и на црвениот тепих.
Осум вакви грешки кои е најдобро да ги избегнувате:
Деми Ловато – погрешна сенка за очи
Деми Ловато секогаш изгледа одлично, но на фотографијата лево одбрала погрешна сенка за очи.
Поради бојата која не оди најдобро со нејзиниот тен, но и бидејќи е употребена само една нијанса, нејзините очи изгледаат помали.
Од друга страна, сенките со топли нијанси ги истакнуваат нејзините очи и ѝ стојат многу подобро.
Кирстен Данст – многу силни бои
Поради светлиот тен, руменилото со изразено црвена нијанса не изгледа најдобро на лицето на Кирстен.
Ако имате тен како нејзиниот, ќе изгледате многу подобро со руменило со боја на праска или кафена нијанса, како на фотографијата десно.
Џенифер Лоренс – многу темна сенка
Познатата актерка има прекрасни очи кои можат да создадат добар контраст со темна сенка.
Но, таа има и спуштени капаци, па темните сенки прават нејзините очи да изгледаат помали.
За девојки жени со спуштени капаци, земјените тонови се многу подобар избор.
Кели Озборн – нападна шминка
Со години Кели Озборн беше препознатлива по нападната шминка.
Но, факт е дека изгледа многу подобро со посуптилна шминка која ги истакнува нејзините најдобри карактеристики.