Грешки во шминкањето кои ги направиле познатите дами (а треба да ги избегнувате)
Кетрин Зита-Џонс – големи вештачки трепки
Сите сакаме бујни трепки, но не треба да претераме. Одличен пример за ова е Кетрин Зита-Џонс.
На фотографијата лево актерката има преголеми трепки кои не изгледаат воопшто природно. На другата фотографија актерката повторно има бујни трепки, но со „понормална“ големина, па нејзините очи доаѓаат до израз.
Кристина Агилера – премногу бела пудра во прав
Светлата камена пудра може драстично да ја намали видливоста на темните кругови под очите, но лесно можете да претерате.
А, кога ќе претерате, но и кога ќе ја погрешите нијансата, резултатот ќе изгледа како Кристина Агилера на левата фотографија.
Всушност, многу подобро е да користите камена пудра со боја како вашата кожа за да го избегнете лошиот ефект.
Селена Гомез – многу темна шминка
Иако фотографија лево е од поодамна, и самите забележувате дека познатата пејачка изгледа помладо и посвежо на десната фотографија.
Причината за ова е шминката – лево таа носи многу темна сенка, во комбинација со потемен кармин. Десно постои рамнотежа помеѓу сенката за очи и карминот.
Аријана Гранде – пудра со погрешна нијанса
Лицето, вратот и деколтето треба да имаат иста боја, па кога се шминкате не заборавајте да обрнете внимание на тоа.
Спирова С. | Црнобело