Хит кај девојките: Како со коректорот да направите ефект на проѕирен ајлајнер? (видео)
Оваа необична техника на шминкање подразбира проѕирна „туш“ линија која се постигнува со помош на коректор и природна боја на капакот за суптилно обликување на очите.
Ако нешто научивме од TikTok, тоа е дека постои многу повеќе од еден начин во користењето на одреден производ за шминка. Дури и најосновните производи можат да имаат повеќекратна употреба. Што е безбоен ајлајнер и како се нанесува?
Очигледно коректорот може да направи многу повеќе отколку да ги камуфлира темните кругови и да ги избледи флеките. Со негова помош може да се создаде ефект на проѕирен ајлајнер.
Техниката се заснова на креирање линија за очи со помош на коректор и природната боја на капакот за суптилно обликување на очите.
Ова е нешто што може секој да го направи, најверојатно со производи што веќе ги има во несесерот, едноставно и ефектно. Очите изгледаат „побудно“ и отворено. Аплаузот оди кај креаторката и шминкерка на TikTok, Маи Ахтар.
Како да го постигнете овој изглед?
Најдете ја точната нијанса на коректор, слична на бојата на вашата кожа, но неколку нијанси посветла. Мора да биде посветла од бојата на вашиот очен капак.
Со коректорот и со тенка коса четка направете линија од долниот агол на очите и една по работ на горниот капак и поврзете ги во една точка. Оставете простор помеѓу без полнење како обичен молив за очи, бидејќи вашата природна боја е всушност вашата основа.
Кога ќе го постигнете посакуваниот облик на ајлајнер, земете ја истата четка и изблендирајте ги рабовите на „крилото“ за да остане доволно остро.
Видео упатство:
@maytahmi When ur darker eyelids become useful x #editorialmakeup #linertutorial #eyeliner #makeuphacks ♬ Music For a Sushi Restaurant - Harry Styles
(О)Милена | Црнобело