Шампањ руса и уште 5 бои на коса кои ќе доминираат во есен 2024
Од впечатливо црвена до прамени во боја на мед - 6 нијанси ќе бидат популарни кај фризурите оваа есен.
Секоја сезона носи нови трендови во модата, стилот, но и во боите за коса.
Па така, оваа есен ќе доминираат 6 нијанси, а фризерите препорачуваат да изберете една од нив и да го освежите својот изглед.
Кои бои ќе бидат популарни?
Шампањ руса
Русата боја на коса ќе доминира оваа есен, но сепак, најмодерна ќе биде нијансата позната како „шампањ руса“, како онаа на Марго Роби.
Чоколадно кафеава
Кај темните бои ќе доминираат две нијанси - темно чоколадо и кафеава во боја на еспресо.
Нијанса на кајсија
Уште една светла нијанса ќе биде модерна оваа есен - руса со портокалов сјај на кајсија. Ова е комбинација од златно-руса и боја на бакар.
Рѓосан бакар
Оваа нијанса на портокалова боја им одговара на сите со светол тен, па ако имате руса коса и сакате да направите промена, рѓосан бакар е бојата што можете да ја пробате.
Прамени во боја на мед
Овој тренд од 1990-те повторно се враќа, па без оглед дали имате кафена коса или светли прамени, следниот пат кога ќе одите на фризер, побарајте да ви извадат прамени во боја на мед.
Впечатливо црвена
Ова е совршена есенска нијанса, особено за жените кои не се плашат да експериментираат со изгледот, иако самата боја бара многу одржување.
А. Ј. | Црнобело