10 чести грешки со кои ја уништувате кожата на дланките
Користите многу силни сапуни
Ако забележите дека по миењето раце кожата ви е многу сува, најдобро е да го смените сапунот што го користите.
Препорачливо е да користите сапун со хидратантни својства и пробајте да нанесувате и крем за раце по скоро секое миење.
Не правите пилинг на кожата
Пилингот може да направи чуда и за кожата на дланките.
Лесно можете да си направите пилинг во домашни услови – измешајте шеќер, лимон или лимета и маслиново или кокосово масло и добро истријте ги дланките со смесата.
Потоа само исплакнете со вода и на крај нанесете хидратантен крем.
Доволно е да правите ваков пилинг еднаш-двапати неделно.
Миете раце со многу жешка вода
Веројатно веќе знаете дека жешката вода ја суши кожата, а ова важи и за кожата на рацете.
Погрешно ја користите турпијата за нокти
Погрешното користење на турпијата може да ги оштети ноктите, а со тоа да го влоши изгледот на вашите дланки.
Не треба да ги стругате ноктите лево-десно бидејќи ова ги прави склони кон пукање. Наместо тоа, стругајте ги само во една насока.
Не обрнувате внимание на исхраната
Здравата исхрана е важна не само за здравјето, туку и за изгледот на целото тело.
Па, пробајте да направите промени во исхраната и внесувајте повеќе овошје и зеленчук, како и храна богата со витамин Ц и Е и омега 3 масни киселини.
Спирова С. | Црнобело