Мајка на 4 деца искрена како изгледа во бикини - ги сликаше стриите одблиску
Сара Никол Лондри од Канада искрено прикажа како изгледа во бикини, а потоа си ги фотографираше одблиску и стриите на кожата.
Сара Никол Лондри од Канада е инфлуенсерка и мајка на 4 деца, која на својот Инстаграм профил ги охрабрува другите мајки да се ослободат од несигурностите и шири позитива кон сите облици на тело.
Сега, таа искрено прикажа како изгледа во бикини, а потоа си ги фотографираше одблиску и стриите на кожата.
Таа постојано се прикажува во природно издание и на неедитираните фотографии го покажува и целулитот и вишокот килограми. Вели дека живее среќно во нејзиното „несовршено“ тело.
„Ти буквално спасуваш животи“, „Ти си наш воин“, „Те обожавам затоа што правиш да се чувствувам подобро во врска со моето тело“, се дел од позитивните коментари кои Сара Никол ги добива секојдневно.
Сара Никол Лондри во бикини:
С. С. | Црнобело