7 работи кои мора да ги земете предвид пред да ја офарбате косата
Откако ќе ја офарбате косата, препорачливо е да користите продукти за фарбана коса кои ќе го зачуваат интензитетот на бојата, а притоа ќе ја намалат штетата што настанува со фарбањето.
Благодарение на фарбите за коса, лесно можете да направите драстична промена во изгледот со само едно одење во салон.
Но, пред да ја офарбате косата мора да земете предвид некои работи со цел да ја намалите штетата која е нормална при процесот на фарбање и да го подобрите изгледот на вашата коса.
Дел од нив во продолжение:
Земете ја предвид бојата на косата ако сакате да ја осветлите
Ако сакате руса боја, а моментално косата ви е офарбана со темна нијанса, не очекувајте да го добиете посакуваниот резултат по само еден третман.
Ако имате црвена или темнокафена коса, по првото фарбање најверојатно ќе добиете светло кафеава или портокалова нијанса.
Земете ја предвид должината на косата
Ако се фарбате во домашни услови, не заборавајте дека за долга коса можно е да ви бидат потребни и две фарби.
Немојте да ја миете косата пред фарбање
Природните масла на косата нудат некаква заштита од фарбата. Па, избегнувајте да ја миете косата пред фарбање.
Најдобро е да ја оставите немиена ден-два.
Бојата на косата има влијание врз облеката
Пред да направите драстична промена на бојата на косата, размислете како ќе изгледа со вашата облека.
Земете ги предвид трошоците за фарбање
Ако почнете да се фарбате, ќе треба да ја обновувате бојата на околу два месеца поради подраснатите корени и избледувањето на бојата што е нормално.
Ставете масло на косата пред да ја фарбате
Ден-два пред да се фарбате, нанесете масло на косата за да ја подготвите за третманот.
Оставете го маслото да делува барем еден час, па потоа измијте ја косата.
Како што веќе спомнавме, не правете го ова на денот кога ќе се фарбате.
Ќе треба да користите други продукти за нега
Фарбите ја сушат косата, па важно е да користите продукти за фарбана коса.
Овие продукти можат да го задржат интензитетот на бојата, а притоа ќе ја потхранат косата и ќе ја намалат штетата од фарбата.
Спирова С. | Црнобело