Летен тренд: Маникир со разнобојни точки инспириран од „поп-арт“ уметноста (фото)
Точките треба да бидат во разни бои и со различна големина, а не мора да бидат правилно распоредени. Каков маникир е во тренд ова лето?
Добриот маникир е важен во текот на целата година, а особено доаѓа до израз во летната сезона кога избираме посмели и впечатливи бои, а годинава, слично како и со облеката во тренд се точките.
Светските стилисти за ова лето го препорачуваат маникирот со точки направени во различни бои и големини.
Исто така, точките не мора да бидат рамномерно распоредени, а најчесто се присутни светлите бои карактеристични за поп-арт уметноста.
Избравме повеќе дизајни на ваков маникир со точки, што би можеле да ви послужат како инспирација следниот пат кога ќе одите во салон, или пак можеби би сакале и самите да си „поиграте“ со повеќе лакови.
Погледнете повеќе фотографии во галеријата:
Б. С. Б. | Црнобело